Словенија ќе ја легализира употребата на марихуаната за лична употреба

Паралелно со изборите за Европскиот парламент во Словенија викендов се одржа и советодавен референдум за неколку прашања.


Словенците беа прашани дали лицата кои употребуваат марихуана за медицински цели треба да одгледуваат канабис за лична употреба, на што 66,54 отсто од граѓаните одговориле позитивно.

Тамошните граѓани беа прашани и дали се и за легализација на употребата на марихуана за рекретативни цели, на што позитивно одговориле 51,53 проценти од граѓаните.

Позитивно словенските граѓани одговориле и за евтаназија, како и на прашањето за повластено гласање.