Проектот на Afrimat Hemp и Hemporium претставува пример односно референца која покажува како и на кој начин една висококатница може да биде изградена од биомаса од коноп кој ќе биде главниот и основен материјал од кој ќе бидат изградени носечките системи и и целата конструкција на зградата.
Конопот е 100% природна билка која го упива CO₂, терморегулира, штеди енергија, нуди супериорни акустични перформанси, има способност да абсорбира и да ослободува влага, што помага да се регулира влажноста во зградата, со што се одржува здрав квалитетот на воздухот во затворен простор. Конобетонот како градителски производ е огноотпорен и ги има сите тие карактеристики кои ги набројавме погоре, а се однесуваат за конопот како растение.
Од перспектива на еколошка одржливост и еколошко градење, се подига свеста за употреба на биомаси при изградба на трајни и цвсти градби, односно се подига градителскиот процес на едно повисоко ниво, во конкретниов случај давајки продонес во развојот на инспиративните проекти за конопограба на едно глобално ниво.
Инвеститорите и градителите во Јужна Африка тврдат дека кога ќе ја добијат лиценцата за комерцијализација на конопот, поседувањето на овој успешен пример од високоградбата изградена со конопо- бетон, само ќе им го отвори патот и ќе го забрза процесот за развој на конопо-индустријата и биоградбата во Јужна Африка.
Денеска веќе постои тренд на побарувачка за изградба на згради од биоматеријали, водени од мисијата и визијата за смалување на емитувањето на јаглеродниот диоксид, и воведување на едни повисоки еколошки стандарди кои ги диктираат употребата на еко и биомасите како суровина за правење градителски елементи во кои спаѓа и конопот.