Фармацевстката компанија Pfizer влегува во канабис индустријата

Гигантот Pfizer треба да влезе во индустријата за медицински канабис, со тоа што ќе придонесе за третирање на болести на дебелото црево и сето тоа ќе се базира на користење на канабидоиди. Американската мултинационална фармацевтска и биотехнолошка корпорација Pfizer, потпишала договор вреден околу 6,7 милјарди долари со компанијата Arena Pharmaceuticals.


Тимот на Арена развива овој лек базиран на канабиноиди со фокус на висцерална болка поврзана со гастроинтестинални нарушувања. Веб-страницата на Арена пишува дека ова соединение, преку неговата селективност за CB2 наспроти CB1 рецепторот е вклучено ви истражувања за ублажување на болката без психоактивни и негативни ефекти.

Рецепторите CB1 и CB2 се врзуваат за ендоканабиноидниот систем, сложен систем за клеточно сигнализирање. Овие рецептори се присутни низ човечкото тело. Ендоканабиноидите, како што се THC и CBD, можат да се врзат за двата рецептори за да сигнализираат дека ендоканабиноидниот систем треба да преземе акција. Сепак, ефектите зависат од ендоканабиноидниот рецептор и интеракцијата на канабиноидот со рецепторот.

Mike Gladstone изјавил дека развиваат и потенцијални терапии за пациентите со ослабувачки имунофламаторни заболувања кои имаат потреба од поефикасни опции за третман.
Портфолиото на Арена вклучува и други не-канабиноидни производи за лекови, фокусирајќи се на развој на иновативни потенцијални терапии за лекување на неколку имуно-воспалителни болести. Со преземањето на Арена, Pfizer влегува во индустријата за медицински канабис и се придружува на другите компании во производство за канабис.