Според последниот годишен извештај на Leafly, направен во соработка со Whitney Economics, во Соединетите Американски Држави, вкупниот број на вработени во канабис секторот изнесува 428.059 лица (full-time equivalent jobs или еквивалентни работни места со полно работно време), бројка која е за 33% поголема во споредба со бројките за 2021 година (321.000 лица). Ова значи дека во просек, минатата година, секој ден се отворале по околу 280 нови работни позиции. На тој начин, секторот канабис бележи 5 година по ред со раст на вработеноста која годишно има најмалку 27% раст (бројки со кои не може да се пофали нути ИКТ индустријата).
Во овие 428.059 работни места, вклучени се директни канабис работни позиции, како што се одгледување и продажба на мало – што често се нарекуваат „работни позиции каде што се допираат растенијата“ – како и индиректни, помошни, работни места кои им служат на лиценцирани компании или зависат од легалната продажба на канабис. Помошни работни места вклучуваат работа во сметководство, човечки ресурси, правни работи, усогласеност со регулативата, безбедност, одржување и градежништво. Вклучени се и индиректни работни места во медиуми за канабис, технолошки платформи, односи со јавноста, лобирање, добавувачи на производи кои не содржат канабис и индустриски (професионални) здруженија.
Само за потсетување: секторот канабис во САД, во 2021 година имаше вкупна вредност од 24,6 милијарди долари и истиот беше остварен со легална продажба на канабис во 11 држави за рекреативна и медицинска употреба и во 27 држави само за медицинска употреба. Колку за споредба, ова е вредноста на другите пазари во 2021: пиво – 94 милијарди долари, вино – 78 милијарди долари, нутриционистички суплементи за исхрана – 55 милијарди долари, енергетски пијалоци – 20 милиради долари и млеко – 16 милијарди долари.
Најголем дел од овие работни места се креирани во државите Калифорнија – 83.607, Колорадо – 38.337 и Мичиген – 31.152. Очекувањата на истражувачите се дека во услови на целосно созреан (регулиран) пазар, бројката на вработени би се движела помеѓу 1,5 до 1,75 милиони лица.
Повеќе за ова истражување имате на следниот линк:
https://leafly-cms-production.imgix.net/wp-content/uploads/2022/02/22132544/LeaflyJobsReport2022.pdf
Извор: kip.org.mk