Првиот “Музеј на канабис” во Загреб – Локација: Спроти полиција :)

Првиот музеј на канабис во Хрватска беше отворен веднаш спроти зградата на полицијата на улицата Петрињска во Загреб. Во 400 квадратни метри на два ката има се што отсекогаш ве интересирало за ова растение, и многу работи кои сигурно не сте ги знаеле – на пр. дека првата роба што се продавала на интернет била марихуаната, во средината на 1970-тите.

Билетот чини 50 куни, доаѓа со пакетче хартии за виткање.

Но, ако случајно работите во министерствата за земјоделство, внатрешни работи или здравство, влезот е бесплатен.

Зад целиот проект стои Твртко Крачун, косопственик на продавницата Hemps.hr, каде што можете да го најдете најголемиот избор на CBD масла и други CBD производи.
Музејот на канабис на првиот кат ќе ги запознае посетителите со растението коноп, неговата морфологија, видови и подвидови и ќе ја доближи историјата на неговата употреба во различни култури.

На вториот кат низ три посебни простории ќе ги едуцираат посетителите за медицинска употреба, примери од други земји за употреба на конопот; ќе обезбеди информации од докажани научни истражувања за економското влијание и влијанието врз здравјето на луѓето – позитивно и негативно.

Во третата просторија, тој ќе објасни што носи иднината и на кои начини може да се користи растението, зошто еко-блоковите се важни и кои материјали од коноп се еколошки.
Сите членови на Канабис клубот Хeмпс ќе можат активно да учествуваат во изборот на музејски експонати, па не се сомневаме дека и тоа ќе придонесе за атрактивноста на оваа возбудлива и интригантна локација.