Резултати од научни истражувања во кои биле вклучени 101 милион испитаници:
Корисниците на канабис поретко оболуваат од рак на црниот дроб или некои други видови за разлика од оние кои редовно го користат. Xепатоцелуларни карцином е најчестиот тип на примарен карцином кој настанува на црниот дроб кај возрасните и трет водечки причинител на смрт на глобално ниво.
Преваленцијата на карциномот на црниот дроб е тесно поврзана и со инфекциите со вирусот на хепатит B иC, но може да настане и како резултат на континуриано користење на алкохол.
За да ја истражат врската на ракот со канабисот, се собираат група истражувачи од клиниката во Кливленд, одделот за здравје на црниот дроб од Аризона, Универзитетската болница Џорџтаун, како и Универзитетот во Јужен Илиноис, за да ги прегледат податоците на 101.231.036 пациенти (од 2002. до 2014.) користејќи ги базата на податоци на америчкиот национален центар за пациенти.
Изолирани се податоци од 996.290 пациенти (1% од вкупниот број) кои имале дијагноза злоупотреба на канабис.
Споредени со контролната група податоци од другата група пациенти кои не користеле канабис, овие пациенти имале поголема преваленција на злоупотреба на алкохол и пушење, како и инфекција со хепатит B и C-односно сите фактори кои се поврзани со зголемен ризик од развој на хепатоцелуларен карцином.
Заклучокот е дека пациентите кои користеле канабис, имале пониска преваленција на хепатоцелуларен карцином за разлика од контролната група, а исто така имале и смалено ниво на дебелина, дијабетис, или камен во жолчката.
Поради тоа што станува збор само за анализа на веќе добиени податоци, истражувачите не можеле да одговорат зошто конзумерите на канабис се склони помалку кон развој на хепатоцелуларниот карцином и покрај високиот факртор на ризик.
Меѓу другото тие изјавуваат дека присутниот CBD во канабисот со активирањето на CB2 рецепторот во телото од ендоканабиноидниот систем го намалува пропаѓањето на клетките во црниот дроб.
Други студии пак покажуваат дека CB2 агонистите односно активаторите на THC-то и другите канабиноиди во телото на човекот го инхибираат растот на ќелиите на хепатоцелуларниот карцином.
Активната работа на Ендоканабиноидниот систем обезбедува хомеостаза, баланс на сите процеси и функции во телото, CB1 рецепторот го регулира енергетскиот транспорт, додека CB2 согорува масти (рециклира слободни радикали) и е одговорен за имунолошкиот одговор.