Кафулињата со канабис се најновиот додаток на туристичката понуда во Тајланд

Кафуле за канабис отворено e пред неколку дена во Као Сан, област во Бангкок популарна кај туристите – и веќе е преполно со клиенти.

Неколку такви продавници се појавија низ главниот град откако Тајланд ја декриминализираше рекреативната употреба во јуни, 2022 неколку недели пред да ги отфрли Covid рестрикциите кон странските посетители.

Туристичките престои во Тајван се намалија на 2 милиони во првата половина на 2022 година од речиси 40 милиони во 2019 година. Сопственикот на кафулето, Онгард Панјачатиракса и другите како него, сметаат нивните кафулиња како централни во напорите за заживување на туристичката индустрија.

Стотици туристи го посетуваат кафулето секој ден, а сопственикот планира да отвори и други.

Не се согласуваат сите.

Во 2018 година, Тајланд стана првата земја од Југоисточна Азија која ја легализираше марихуаната за медицинска употреба. Во јуни канабисот беше целосно декриминализиран.

Тоа доведе до експлозија во неговата рекреативна употреба, нешто што владините претставници – загрижени за негативните ефекти врз здравјето и продуктивноста често поврзани со неконтролираната употреба на лекот – ретроактивно се обидоа да ги обесхрабрат обидите на претприемачите. Законот не во целост го покрива начинот на рекреативна употреба на канабис и затоа туристичката промоција е фокусирана на медицинскиот негов аспект.

Отпорот против начинот на кој се толкува новата политика предизвика одредена конфузија, со тоа што властите прибегнаа кон издавање на поделени регулативи, како што се забрана за јавно пушење канабис и негова продажба на помлади од 20 години.

Парламентарната комисија сега расправа за нацрт-законот за регулирање на употребата на канабис, кој се очекува да биде финализиран во септември и може да влијае на канабис кафулињата.