Изјава од научниците на Харвард: “Канaбисот ги зголемува умствените способности!”

После 3 месеци лечење со марихуана, пациентите осетиле подобрување во однос на способностите за извршување на одредени когнитивни задачи, посебно оние управувани од фронталниот кортекс. Различни учесници во истражувањето исто така пријавиле повеќе разлики како: подобрување во специфицна клиничка слика на болести, во општото здравје, сонот, опуштеноста, намалена употреба на лекови, посебно опијати.

Доктор Грубер од Харвард вели дека употребата на канабисот треба да се сфати сериозно затоа што може да ни го врати или подобри здравјето многу брзо и ефикасно на различни начини, зашто има многу широк спектар на дејствување.

Таа со својот тим работи на проценката за најдобриот, брз и безбеден начин за конзумација на канабис за медицински цели.

Целиот Балкан е отворен и жеден да прими нови знаења и едукации од областа на алтернативната медицина и употребата на канабисот за лечење на болести и подобрување на општото здравје, но сеуште информираноста и едукациијата е на многу ниско ниво, односно луѓето воопшто не се запознаени со постоењето на Ендоканабиноидниот систем во своето тело, основниот хомеостатски систем кој е клучен за одржување на здравјето на човекот.