Неколку задоволни луѓе собрани околу Бранденбуршката порта во Берлин, запали „џоинт“ во чест на славје на Законот кој стапи на сила во Германија ноќеска на полноќ, кој предвидува делумно легализирање на марихуаната.
Неколку стотици лица чекаа да дојде 12 часот, за јавно да конзумираат марихуана. Бината пред портата ја красеше голем лист на марихуана.
„Конечно можеме да се покажаме, не мораме да се криеме“, рече Ханди Плотке, членот на Германското здружение за канабис. За него новиот закон е „олеснување“ затоа што повеќе не го сметаат за криминалец.
Конзумирање на канабис на многу јавни места стана легално до 1. април. По закон, секој во доба од 18 години може да држи 50 грама дома, и да носи максимум 25 грама надвор.
Пушењето е забрането на игралишта, во училиштата, спортските објекти, вклучувајќи и стадионите, објекти за деца и млади и 100 метри подалеку од тие објекти.
Во Германија во изминатите месеци имаше жестока расправа. Група на лекари изразија загриженост за младите лица, а конзеравитивните политичари збореа дека либерализацијата дополнително ќе ја поттикне употребата на потешка дрога.
Министерот за здравство Карл Луатербах кажа дека моменталната ситуација повеќе не е оддржлива, затоа што бројот на потрошувачи меѓу 18 и 25 години се дуплирал во последните 10 години.