Германската полиција пред Еуро2024: „Пушете марихуана, помалку алкохол“

Германските и британски надлежни институции се скршија од апелирање во изминатиов период дека пивото во Германија има многу повеќе проценти алкохол отколку оние на Островот и дека навивачите треба да припазуваат колку и како пијат.

Германската полиција во еден од последните апели до англиските навивачи пред мечот со Србија во недела од 21:00 во Гелзенкирхен напоменала дека би сакала англиските навивачи повеќе да конзумираат марихуана (канабис) отколку да пијат со оглед на агресивноста која може да произлезе од алкохолот.

„Нема проблем да се пуши канабис на улиците (во Германија е дозволена мала количина за употреба). Ако видиме група луѓе кои пијат алкохол и изгледаат и се однесуваат агресивно, а друга група пуши канабис, секако дека ќе ја следиме групата што пие алкохол“.