Пред точно една година, после деталните преговори помеѓу Европското Здружение за индустриски произведен коноп и Европската Комисија, проширена беше е базата на податоци за козметичките состојки со што на голема врата беше внесен канабидиолот CBD како безбедна и корисна состојка во нови козметички линии. До сега, единствено само синтетичкиот произведен CBD беше одобрен како сосотојка на козметичките препарати.
Што значи дека во скора иднина ќе биде допуштена употреба, примена и продажба на природно добиен екстракт од CBD при производство на козметички производи. Многу компании од канабис индустријата како и козметички компании пријатно позитивно реагираа на овој потег од Европската Унија и веќе имаме продукти на пазарот.
Како дојде до промена на легислативата?
Поттикнати од позитивните промени во врска со канабисот во Европа, Здружението на индустриски произведен канабис испраќа барање до ЕУ да се укинат сите забрани поврзани со билката Cannabis Sativa L. за да може да се интегрира во меѓународната номенклатура и со тоа да се дозволи нејзино користење како козметичка состојка.
Со ова барање е дозволено вклучувањето на канабидиолот CBD на листа под назив “Канабидиол-дериват екстракт, тинктура или смола од билката канабис“
Извршниот директор на Здружението на индустриски произведен канабис EIHA, Lorenza Romanese го изразува своето задоволство поради овој развој на настаните.
„Благодарејки на напорите на EIHA, и големата доверба која ја добивме, природно добиениот CBD и екстрактите кои содржат CBD сега можат да се продаваат во EU како козметички прозиводи. Имам чувство дека конечно правдата ќе застане на наша страна. Патот е долг пред нас, но вистинска поддршка се нашите опипливи резултати.„
Година подоцна на пазарот во Европа веќе имаме многу козметички производи со CBD.