Во последните неколку децении расте женската инволвираност во претприемачки и лидерски позиции во разни видови области, со што доведе до тоа многу индустрии да се борат да најдат родова еднаквост, особено на лидерско ниво. Како и да е, канабис индустријата уште во раните почетоци на развој беше дом на импресивен број жени директори во секој аспект на пазарот. Всушност, според една студија од 2019 година, речиси 37% од позициите на извршно ниво во оваа област биле жени, бројка што далеку го надминува националниот просек од 21% за другите индустрии.
По легализацијата на марихуаната во многу делови на САД, и со поширокото прифаќање на канабисот како производ за широка потрошувачка, жените повторно се ставени во позиција да ги бранат своите места во оваа индустрија. Како што пазарот продолжува да се шири и да носи многу поголема заработувачка одошто на раните почетоци, големите корпоративни играчи повторно ја вратија родовата дискриминација и полека ги маргинизираа жените. Во следнава статија осум жени-лидерки зборуваат за предизвиците да се биде жена претприемач во канабис индустријата и зошто женското претприемништво и нивната инволвираност остануваат толку клучни за оваа област.
1. Кејт Милер /Kate Miller, Кооснивач и CEO на Miss Grass
“Првпат стапнав во оваа индустрија далечната 2008 година, како продавач на медицински канабис додека го посетувавав универзитетот во Калифорнија. Како некој кој веќе имал придобивки од ова растение од прва рака, ми се виде супер прилика за спојување на една страст и деловна можност, гледајќи со свои очи како оваа индустрија напредува од ден на ден. Искуството со многу пациенти кои го променија својот живот на подобро, само ја зајакна уште повеќе вербата во оваа билка.
Сепак јас сакав да изградам платформа каде можам да ја претставам целосната моќ и историјата на развој на оваа култура пред современиот потрошувач на канабис. Тогаш го купив URL-то на Мис Грас и така ја започнав мојата приказна.”
“Бев, и сè уште сум инспирирана од идејата да бидам жена лидер во оваа мултимилијардерска индустрија. Меѓутоа станува се потешко да се задржи оваа позиција кога индустријата расте секојдневно и жените стануваат пречка на патот на големите корпорации каде повторно се фаворизираат мажите во бизнисот. Многу инвеститори се држат до основачите на фондови што ги поддржуваа во минатото, а тоа главно се мажи. Во 2020 година само 2,3% од ризичното финансирање припадна на стартапи предводени од жени.
Правната индустрија во поглед на оваа култура е сè уште во зародиш, што дава поголема можност да се размрдаат работите и да се всадат добри вредности и практики кои ќе ја инспирираат иднината на индустријата – онаа која работи со корпоративна совест, која ќе ги инспирира другите индустрии да се моделираат. Канабис индустрија има потенцијал да обезбеди природна алтернатива за олеснување на болката, управување со стресот и дополнително физичко, емоционално и духовно исцелување за поддршка на менталното здравје, зависноста и други заболувања. Има потенцијал да го поддржи крајот на опиоидната епидемија во нашиот свет и потенцијал да биде катализатор за нормализирање на другите лекови од растителна основа. Ова растение може да инспирира многу добро. А за оваа индустрија да го живее својот најголем потенцијал мора да ја водат жени лидери со женски особини на сочувство, соработка, инклузивност и емпатија“.
2. Nidhi Lucky Handa, Основач на LEUNE
„Ја запознав канабис културата најпрво како потрошувач, и бев инспирирана да создадам простор каде ќе можам да привлечам своја лична врсничка целна група и каде ќе можам да ги поставам сите оние прашања за развој, да решавам нови можности и проблеми, и сè уште е возбудливо сега како и тогаш. Да се биде жена со друга боја на кожа во оваа индустрија, секако постави предизвици, но гледам дека културата секојдневно се менува на подобро, меѓутоа има долг пат да се помине во однос на родовата и расната еднаквост. Имаме можност да ја изградиме оваа индустрија на фер и избалансиран начин, да ги исправиме историските грешки и да поставиме стандард што се движи напред. Како што расте оваа индустрија во нагорна линија, разговорите околу употребата, брендот и позиционирањето ќе продолжат да се развиваат и да стануваат пософистицирани“.
3. Kristi Palmer, Кооснивач на Kiva Confection
„Живеејќи во заливската област во Калифорнија, мојот сопруг Скот и јас, бевме свесни за променливите ставови во врска со канабисот, но и за можностите за развој на оваа култура и индустрија. Нашиот прв потфат беше мало одгледување канабис во дворот на мојата куќа од детството. Тој прв чекор нè запозна со самата индустријата, како и со многу мали трговски единици со кои изградивме долгорочни односи. Комуникацијата со различни типови консументи, беше она што нè натера да сфатиме дека има огромна можност за иновации во јадење. Знаевме дека ако можеме да создадеме вкусни, доследни и убаво брендирани јадења во кои ќе уживаме или ќе ги споделиме со нашите пријатели, тие ќе бидат огромен хит. Тогаш почнавме да го развиваме брендот и производите на Kiva.
Инклузивноста на канабис индустријата ја припишувам на фактот дека толку многу луѓе се бореа напорно за поголема инклузивност и социјална еднаквост во изминатите неколку децении. Среќна сум што можам да кажам дека мојот пол не беше пречка на патот на мојот развој како претприемач во оваа индустрија. Бидејќи канабисот е сè уште во зародиш, лесно може да доминираат жени лидери. Жените се неверојатни. Секојдневно во Кива, ме инспирира страста, професионалноста и работната етика на нашите вработени. Јас сум многу возбудена за жените кои лично пробуваат канабис бидејќи од прва рака видов како може позитивно да влијае на здравјето, благосостојбата и севкупна среќа на жените“.
4. Brett Heyman, Основач на Flower од Edie Parker
„Кога почнавма да размислуваме за канабис бизнис, на идеја ни дојде да започнеме од канабис аксесоари кои нудат одлични и разноврсни можности. Претпоставувавме дека луѓето би сакале да користат, собираат и подаруваат висококвалитетни, внимателно одбрани додатоци за канабис. Сè уште канабисот е релативно нова индустрија на правниот пазар, а регулативите кои постојано се менуваат, меѓу другите фактори, беа предизвик. Жените треба да бидат лидери во секоја индустрија. Мислам дека докажавме дека сме барем подеднакво способни како и нашите машки врсници. Канабисот е производ за широка потрошувачка, а жените се 50% од населението. Што е најважно, легализацијата ќе значи крај на расистичкото спроведување на политиките за дроги што несразмерно ги погодуваат заедниците со боја. Во моментов работиме во бизнис со ограничена понуда, но штом понудата и побарувачката ќе се нормализираат, луѓето ќе сакаат да купуваат од брендови што ги познаваат и им веруваат, брендови што им значат, исто како и секој друг производ за широка потрошувачка“.
5. Mary Pryor, Кооснивач на Cannaclusive
„Бидејќи уште од најрана возраст имав прилика да дојдам во контакт со различни видови индустрии како автомобилската, електротехника, музика, дигитална уметност и маркетинг, сфатив дека има неодложна потреба од агенции кои се грижат за културно богатата исто како и за помалку информираната публика, преку дигитална и социјална маркетинг интеграција. Беше предизвик да се опстојува како жена со темна боја на кожа во голема корпорација или просперитетна индустрија. Во раните почетоци на корпоративниот канабис, имаше жени кои имаа повисоки позиции и статус, но тие беа типично сопруги на богати, кавкаски мажи.
Се надевам дека во иднина ќе се случи рекреативно одгледување канабис дома, достапно за секој кој има над 21 година. На овој начин, ќе се ослободиме од тоа да бидеме робови на потрошувачите, и ќе можеме сите да се развиеме како индивидуални градинари“.