Забава и едукација на едно место, ако ви треба одмор и опуштање ние ви препорачуваме топ 5 документарци за канабисот и неговата примена, кои што можете да ги погледнете и да го проширите вашето знаење за канабисот.
The Culture High
Одсликан е животот во Северна Америка и забраната за консумирање на канабисот. Од почеток на неуспешната војна против дрогата до делумно разгледување зошто забраната за канабис била првично воведена, овој документарец ни прикажува макроскопски поглед на овие две прашања.
Потресна приказна која се испеплетува и ни опиштва за модерната забрана на марихуаната истовремено сакајки да ни ја открие (долови) вистината зад аргументите и мотивите што ги регулираат оние што ги поддржуваат и они што се противат за постојаните закони што се воведуваат.
Документарецот содржи клучни интервјуа со лекари, шерифи, дилери и актери за да се создаде целина за забраната на канабисот. Во филмот глумат познати активисти за канабисот: Џоу Роган, Виз Калифа, Снуп Дог, Сер Ричард Бренсон и многу друѓи. Ако сте нови во светот на канабисот, оваа документарка е одлично место од каде што треба да започнете.
Weed the People
Од познатата актерика и активистка за канабис Ricki Lake доаѓа овој документарец, во кој ни прикажува повеќе околу медицинската марихуана. Во овој филм Лејк и режисерката Еби Епштајн со светлина ни ги претставуваат врвните квалитети што ги содржи медицинскиот канабис.
За ексклузивното интервју за Cannabis & Tech Today, Епштајн ја опишува инспирацијата за филмот: “Инспирацијата… беше малку необична, бидејки ние не се зафативме да снимаме филм за медицинската марихауна”. Рики и нејзиниот сопруг многу се вклучиле во помагањето на мало девојче на кое му било дијагностициран тумор каде што се ширел низ целото тело. Девојчето стадало од хемотрапија и минувала низ тешки прегледи, па затоа тие започнале да истражуваат и проучуваат алтернативни и интегративни терапии за малото девојче и на крај наиделе на масо од канабис. Обидувајки се да му помогнат на девојчето, тие ја отвориле вратата на овој свет на медицината и се обиделе да откријат зошто никој не знаел претходно за тој добиток од марихуаната.
Безбедно е да се каже, ако барате вовед во медицинската марихана, овој филм ни дава сеопфатен преглед што ќе ви каже се што треба да знаете.
Grass is Greener
Во овој ексклузивен документарен филм на Нетфликс, хип-хоп пионерот Фаб Фреди ги води гледачите на пат низ комплицираната врска на Американците, започнувајќи од популарноста на супстанцијата меѓу џез музичарите. Заедно со Снуп Дог, Б – Реал и Демијан Марли, Грас е Гринер ја разгледува расно пристрасната историја на војната против канабисот и влијанието на растението врз музиката и културата.
Филмот ни обезбедува балансиран поглед за канабисот, земајќи ги предцид и законодавните прашања и феномените на поп – културата, и е еден од најновите документарни филмови што нурнале во светот на канабисот.
Super High Me
Веројатно еден од најпознатите документарци за канабисот Super High Me беше револуџионерна пародија на Super Size Me. За филмот комичарот Даг Ненсон избегнува канабис во период на ‘прочистување’ пред да пуши или да конзумира канабис секој 30ти ден по ред.
Во периодот на 30 дена ‘прочистување’ и 30- дневниот период на канабис, Бенсон е подложен на различни тестови за да се процени неговото физичко и ментално здравје. Различните наоди се иненадувачки, а некои од нив се и не толку важни. Меѓутоа, во тоа време, било од витално значење за индустријата на канабис да има документарен филм што ќе го погоди мејнстримот на нашин како што тоа го правеше Super High Me.
Clearing the Smoke: The Science of Cannabis
Во овој момент можете сеуте да имате прашања за науката на канабисот. Среќа за вас, исто и за пратениците од Монтана. Во позадината на Монтана, каде се уште се борат со медицинските закони за марихуаната, настана дебата. Науката за канабисот се залага да го направи токму она што звучи – да се осврне на науката зад медицинската марихуана.
Во филмот се прикажува како хемиското соединение на растението му делува на мозокот и телото за потенцијално лекување на огромен број на состојби и болсти. Споделуваат и лични приказни како и легитимни истражувања направени од научниците од целата нација, овој документарец ја исполнува виталната улога на разговор за канабисот, обезбедувајќи ни многу корисни информации за медицинскиот канабис и неговата употреба.
Овој филм можете да го гледате на YouTube.