Најпознатите модели на патиките на Nike – Air Max 1, Air Max 90 I Roshe Run уште во 2014 година добија нова, сосема поинаква урбана димензија со прекрасните принтови од 30 – тите и 70 – тите години, меѓу кои и цветниот и познатиот „кашмирски“ дезен.
Новите модели на Nike се во шармантни и нежни нијанси, а за приказната да биде уште поубава, на патиките им е додаден винтиџ момент со одличните врвки од коноп.