Мајк Тајсон отвори канабис-кафуле во Амстердам

Легендарниот американски боксер, Мајк Тајсон, покажува дека добро се снаоѓа во бизнисот. „Челичниот Мајк“ сериозно почна да се бави со бизнис со марихуана во Калифорнија, а сега го шири својот бизнис и во Европа. Неодамна Тајсон отвори кафуле во Амстердам, град во кој е легализирана марихуаната.

Овде љубителите на марихуана ќе имаат можност да пробаат дел од моите производи од канабис. Тоа веќе го направив во Калифорнија, а се надевам дека и Европејците ќе бидат задоволни од моите производи“, порачува Тајсон.