Џезот и марихуаната пристигнале со насилство. Тоа е приказна во која сите можеме да се пронајдеме: омаложувањето, очигледно послабо дете се соочува со Голијат и открива дека душманите не се во право. Ова е приказната на џезот. Слична е и приказната за канабисот. Ова е приказна на длабоко навлезени елементи на демонизирана и обезвреднета култура, но сепак никогаш до таа мера ослабена за да може да биде искоренета, затоа што доброто секогаш победува. Затоа не е ни чудно што овие две приказни се испреплетени многу подлабоко од нивната поврзаност во креативниот свет.
Рекреативната употреба на канабисот била цврсто утврден дел од Јужно-американската и Карибската култура, бидејќи била користена за смирување на робовите. Најпрво, била воведена од Британците за Јамајканските робови и од Португалците за Бразилските робови. Бидејќи била профитабилна како извор на приход од даноци и ефетивен за стишување на робовите изложени на сурови работни услови, канабисот станал популарен како комерцијален посев.
Но, тоа било нешто ново за Американците, како и приливот на кафен народ кој зборува Шпански. „Опасната марихуана“ брзо почнала да се поврзува со имигрантите, осиромашени, луѓе со потемна боја на кожа и треба да биде многу јасно дека колективната свесност на белото мнозинство воопшто не се согласувала со оваа драма која ги вадела од зоната на комфорот. Така започнала 100 годишна војна на забрана на канабисот, ексклузивно базирана на паранојата предизвикана од расизмот! Со тоа бил означен и почетокот на отпорната подкултура која се состои од маргинализираните заедници кои го минуваат нивното секојдневие носејќи ја неиздржливата тежина на дискриминацијата.
Во црвената област на Storyville, една од од овие заедници, црни музичари ја спрегнале моќта на канабисот во насока на создадавање нов музички жанр: ЏЕЗ. Елементите на џезот коишто го прават милозвучен, мелодичен и сакан жанр се истите тие кои го прават да биди предмет на презир. Се работи за импровизација, креативност и интеракција меѓу музичарите. Не е нешто што може да се научи во училница или запомни. Џезот е дух кој можеби започнува со однапред напишани ноти, но сигурно не застанува таму; продолжува во дигресија, менува теми и може или не, да се врати каде што почнал. Начинот на кој канабисот правел музичарите да се чувствуваат им помогнал да експериментираат со нивниот нов начин на музичко творење.
Таткото на џезот, Луис Армстронг опишал во неговата биографија како канабисот им правел него и другите ‘вајпери’ – името кое џезерите кои пушеле канабис си го дале себеси, да се чувствуваат. „Прави да се чувствуваш добро. Те опушта и прави да заборавиш на сите лоши работи кои му се случуваат на еден Негро. Те прави да се чувствуваш сакан и кога пушиш во друштво со некој прави да чувствуваш посебно чувство на сродство“ – чувството за кое зборува Армстронг е она чувство на љубов и единство кое што не облива поради проширената свесност која ни ја доловува канабисот.
Длабоката врска меѓу џезот, канабисот и расата ги направило џезерите да станат мета за федералното биро за наркотици, Harry Anslinger целел на Armstrong, Thelonius Monk, Count Basic, Duke Ellington и Billie Holiday. Анслингер ги мразел џезерите за истите причини кои го прават канабисот компатибилен за жанрот. Во интервју со Д-р Џејмс Мaнч (James Munch), хемичар кој работел за Анслингер во тоа време објаснил зошто Анслингер ги ставал на мета џезерите: „Ако си музичар ќе ги свириш нотите како што се напишани на лист. Но, ако се напушиш ќе вметнеш два пати повеќе музика меѓу првата и втората нота. Тоа е тоа што ги издвојува џезерите, идејата дека можат да го џезираат (анг. JAZZ = забрзува, оживува) нештото, да го оживеат“ – објаснува тој.
Политичкото војување го зацврстило парадоксот кој настанува кога еден аспект на небела култура е исмеван и третиран како нелегитимитетен, а во исто време соодветен за културата на моќ. Иако џезот се родил во црни заедници, црните заедници сè уште биле гледани како инфериорни кога и целата нација го уживала овој музички жанр.
Овој општествен шаблон е очигледен и во канабис културата. Иако и црни и латино и бели луѓе конзумираат канабис во значителни количини, црните и латино луѓето и понатаму прават непропорционален дел од затворениците осуди за поседување и консумирање на марихуана. Канабисот е легализиран во повеќе сојузни американски држави, но речиси невозможно е да влезеш во легалната индустрија ако имаш досие на осудуван. А, тоа најмногу влијае на небелите луѓе кои никогаш не требало да бидат затворани бидејќи канабисот никогаш не требало да биде забранет со закон. Врската меѓу канабисот и џезот го поттикнува човекот да размислува дали воопшто би постоел џезот, доколку не биле страдањата поради канабис низ кои поминале црните луѓе. И ако канабисот би бил социјално прифатен можеби би бил првенствено достапен на бели луѓе и исклучен од црните заедници. Невозможно е да се каже што би се случило ако работите би биле поинакви.
Политиката на Анслингер е уште една војна во низата на војни против свесноста и бесконечната креативност на човекот. Но, кој победил? Доколку дозволиме нашата креативост и страст да ни го водат животот, рајот како секојдневна состојба на умот ни станува сигурно нешто на Земјава. Она што е јасно е дека канабисот и џезот раскажуваат заедничка приказна на отпорност и дискриминација која на крајот победува. И можеби таа приказна за убавина родена од пепел ни е придвижна сила бидејќи им дава надеж на нашите маргинализирани страни – не засилува со визии за несфатеното за да можеме да го достигнеме и нè уверува дека чудата се случуваат. Но, тоа е и моќта на уметноста, нели?
Извор: https://420macedonia.blogspot.com
Автор: Никола Станчевски