Џастин Бибер ја најави својата линија на производи од канабис

Канадскиот пејач, Џастин Бибер во соработка со брендот Палмс ја најавил линијата на производи базирани на марихуана.

Бибер влегува во пазарот на канабисот така што станал партнер во компанијата Палмс од Лос Анџелес во Калифорнија. Со тоа ја доби својата линија на производи која ја именувал според неговиот голем хит “Peaches”.

Компанијата Палмс е специјализирана за претходно подготвени џоинти и продава различни видови на марихуана во пакување со седум џоинти.

Дел од профитот ќе биде дониран во групата “Veterans Walk and Talk” која се залага за користење на марихуаната во медицински цели, како и непрофитната организација “Last Prisoners Project” која се бори за ослободување на оние кои се затворени за поседување на марихуана.