Постојат неколку локации низ Стариот континент каде уживањето во чадот од марихуана е дел од културата како и пиењето италијанско кафе или француско вино. И додека во последниве години е постигнат значителен напредок во употребата на канабисот за медицински цели, во многу земји сè уште не може слободно да се користи марихуана за рекреативни цели.
Амстердам, Холандија
Веројатно, светската престолнина на канабисот, Амстердам е познат и по многу други нешта, вклучувајќи ги лалињата, бројните музеи и канали. Но, се издвојува од повеќето европски метрополи по својата отвореност кон марихуаната. Во специјализираните места, познати како кафулиња, пушењето трева е легално, но одгледувањето сепак е кривично дело. Иако марихуаната е одлична мамка за туристите, да не заборавиме дека градот крие некои од најдобрите музеи, познати архитектонски дела, одлична гастрономска сцена, па ако не сте корисник на марихуана, вреди да дојдете за сè останато.
Копенхаген, Данска
Поточно, областа Кристијанија. Тоа е анархистичка населба во која марихуаната се продавала сосема легално. Населбата била окупирана од хипици во 70-тите, а денес околу деветстотини луѓе живеат независно од данскиот закон. Познат е и како „област на зелено светло“, со оглед на сите видови канабис со кои се тргува таму. Но, тоа создаде проблеми и разни кавги во соседството, па денес, иако канабисот е достапен, населбата е многу попозната по шарените улици, кафулиња и ресторани.
Барселона, Шпанија
Иако марихуаната технички не е дозволена во Барселона, е во пракса. Можете да јаконсумирате во приватен простор или клубови, додека на улица приказната е малку посериозна. Сепак, познато е дека тоа може да се прави на одредени места. Можно е низ целиот град да најдете клубови за канабис во кои мора да се приклучите и кои не смеат да се рекламираат. Меѓутоа, со оглед на тоа што во каталонската престолнина ги има повеќе од триста, очигледно е дека функционира.
Прага, Чешка
Град кој сè уште, за разлика од првите три на листата, може да се посети без премногу пари. И во Барселона не е целосно легална, но никој нема да ви замери ако поседувате до 15 грама марихуана. Нема клубови за членство, иако марихуаната често може да се купи директно од келнерот. Секако, додека веќе сте таму, уживајте и во прекрасната архитектура и пробајте 1001 вид на точено пиво!