Вардаровите ракометни легенди Карачиќ и Дисингер во бизнис со канабис во Струмица

Некогашните соиграчи и ракометни европски шампиони со Вардар, Кристијан Дисингер и Игор Карачиќ, станаа сопственици на компанија за одгледување на медицински канабис во Струмица.

Бизнисот со канабис во Македонија стана примамлив дури и за врвните спортисти, а можност за инвестирање во тоа видоа и Германецот и Хрватот.

Двајцата некогашни ракометари на скопските црвено-црни сега се сопственици на ИД Канабис Доо увоз-извоз Струмица, објави Централен регистар. Сепак не постојат податоци кога е регистрирана компанијата и дали поседува лиценца за работа.

Карачиќ во моментов игра за екипата на Кјелце, додека пак, Дисингер настапува за Динамо Букурешт.

Уште од времето кога беа „скопјани“ познато е дека се големи пријатели и надвор од професионалните обврски. Сопругата на Карачиќ и партнерката на Дисингер се сестри од Македонија.

Инаку поранешниот премиер Зоран Заев изминатото лето објави дека дека пред познати американски спортисти – инвеститори ги презентирал можностите за отворање фабрики за медицински канабис во нашата држава.

Извор: Faktor.mk