Јавната “Тајна” расправа за законот за канабис

Во саботата на 11 декември, со почеток во 12:00, во просториите на деканатот на медицински факултет имаше “јавна” расправа за законот за канабис.

(C) Слободен печат

Јавната расправа организирана од министерството за здравство со “интимен” повик само до компаниите производители на канабис беше “нападната” од 2 медиуми Слободен печат и Антропол, две здруженија на граѓани, “Зелена Алтернатива” преставувана од Филип Достовски и “Билка” претставувана од Јанаки Митровски , како и од представници на политичката партија Левица Дарко и Жарко Масларковски, кои како непоканети и непожелни гости беа причина за задоцнето започнување на расправата. Од организаторките беше побарано неканетите гости да ја напуштат “јавната” расправа, на што по бурната реакција мораа на барање на присутните компании да дозволат присуство без можност да се вклучат во расправата. Медиумите сепак мораа да престанат да снимаат. Исто така беше побарано да не се изнесуваат јавно дискусиите и понудените решенија

Политичката партија Левица будно ќе го следи развојот на настаните и во соработка со стручната фела и здруженијата ќе го корегира овој закон амандмански, се со цел подобрување на законот и вклучување на сите засегнати страни, од медицинските корисници за кои треба да е бесплатно користењето, рекреативните корисници кои би добиле точно утврдени правила и мерки, но да ги вклучи и земјоделците кои и те како можат да се вклучат во производството на канабис.
Ова е само уште еден показател каде на мала врата со интимна “јавна” расправа власта сака насила да донесе закон кој ќе е по мерка само на крупниот капитал и богатите трговци, без да води грижа за народот и неговите потреби.

Доста е легално само за БИЗНИСОТ, а илегално за НАРОДОТ .

Извор: Антропол.мк