“The Scientist” e еден од најважните документарци за канабис

Зошто и кaко канабисот лечи широк спектар на болести?

Нашето тело во себе поседува Ендоканабиноиден систем (ЕКС), канабиноиди и рецептори кои се задолжени за одржување на здравјето на нашето тело и ум. Сите болести кои се појавуваат во нашето тело директно или индиректно се поврзани со пореметување на работата на ЕКС и намаленото лачење на канабиноидините рецептори. Со внесување на канабиноиди во нашето тело се враќа рамнотежата, а симтомите на болестите се намалуваат.

“The Scientist” e најважниот документарен филм кој треба да го погледнете во врска со канабис. Филмот ја прати приказната на научникот номиниран за Нобелова нагрда, доктор Raphael Mechoulam, од неговите најрани денови како дете на бугарскиот Холокауст, преку емиграција во Израел, се до неговата кариера како главен хемиски и биолошки истражувач на најнеразбраната и најпрогонетата билка од страна на УН на планетата-канабисот.

Човекот кој со својот тим научници и истражувачи го открива THC-то, ендоканабиноидите и Ендоканабиноидните системски рецепрори како најраспространетиот и најзначајниот регулаторен систем во чековото тело на хомеостази, метаболизмот, имуниот и нервниот систем на човекот.

Наука која ја менува досегашната перспектива на современата медицина и нашето разбирање за функцијата на човековото тело во целост. Доктор Мешулам потврдува дека THC-то и останатите соединенија од цветовите на канабисот се во интеракција со најголемиот систем на рецептори во човековото тело – Ендоканабиноидниот систем (ECS). Погледнете го филмот во кој ќе дознаете зашто овој човек е заслужен за Нобелова награда за едно од најголемите откритија во современата медицина и наука.

Нашите пријатели од Зелена Алтернатива го имаат преведено и прикачено документарниот филм со превод на македонски, па можете да го погледнете тука: