Тетрахидроканабинол, познат и како THC, е главна психоактивна компонента на канабисот.
THC се ослободува во билката како заштитен механизам на самата билка од штетните зрачења на сонцето поради значителното својство на абсорпција на UV-B светлото од 280-315нм. Се верува дека поради своите психоактивни состојки ја штити билката од штетници.
THC-то прв го изолирал органскиот хемичар Raphael Mechoularn со помош на Yechia Gaonia заедно со остатокот на тимот во Јерусалим, Израел. На Cannmed конференцијата во 2016год. доделена им е награда за животно дело.
Cannmed конференцијата секоја година ги собира научниците од целиот свет се со цел да се одржи презентација на најновите научни истражувања во полето на користење на медицинска марихуана.
Како изгледа структурата на THC-то?
Се потврди дека канабиноидите преку моментално непознат механизам, ги активираат внатрешните дразби за опуштеност преку μ1 рецепторот, со што нагло се ослободува допамин во никлеусот accumbens-от.
Nucleus accumbens е дел од базната ганглија поточно Ventral striatum кој заедно со другите мозочни регии (амигдула, таламус, хипоталамус, префронтални кортекс) кои се одговорни за пренос на болката и за регулација на расположението.
THC во мали количини има аналгетични својства што овозможува медицински третман за болка, со занемарливи нус појави за разлика од другите лекови со таа природа. THC во мозокот се врзува со канабиноидните рецепрори CB1.
Неговите влијанија се отчитуваат како еуфорија, промена на перцепцијата на времето и просторот, осетливост на визулени, слушни дразби, релаксација, деориентација, умор, зголемен апетит.
Смртоносна доза за мажи од 68кг изнесува 86грама THC односно отприлика 1,8кг марихуана со удел THC 5% внесено одеднаш по орален пат, со што предозирањето со марихуана која води до смрт е практично технички невозможно.
Покрај приридниот постои и вештачки направен THC познат под името дронабинол, достапен како лек на рецепт под името MARINOL во неколку држави како САД, Холандија и Германија. Во САД Marinol е третиран како ненаркотична дрога со многу слаб ризик за физичкаи ментална зависност, а се препишува и на рецепт. Моментално во Хрватска, доколку ги исполнувате условите за коритење на медицински канабис, можете да го купите во аптеките истиот.