15 најпопуларни сорти на канабис во светот

Од голем избор на стреин ќе издвоиме неколку од нај популарните и најконзумираните во денешницата. Оваа листа вклучува сативи, индика и хибриди. Иако секоја недела се појавуваат нови видови, некои видови остануваат легендарни и безвременски.

Blue Dream

Овој доминантен хибрид – сатива потекнува од Калифорнија и се смета за легедарен во светот на канабисот. Содржи 18% THC и висока концентрација на сатива. Навистина овој хибрид е најдобро да се употребува во текот на денот затоа што помага при концентрацијата и продуктивност, исто така е одличен избор за социјална употреба. Може да се најде лесно во државите на САД каде што е легализиран канабисот.

Green Crack

Познато е дека оваа моќна сатива има прецизно high дејство кое што трае цел ден. Спречува да се почувствувате уморни или исцрпени, затоа многумина го користат уште првиот момент од кога ќе се разбудат. Ефектите се исти како на класична сатива, но штом еднаш ќе ја пробате, ќе ја разберете нејзината специфичност. Плус овошниот вкус на манго додава на магијата и ја поддига енергијата при пушењето.

Girl Scout Cookies

Овој хибрид е ценет од почетните пушачи, како и од искусните пушачи. Всушност, многумина го сметаат за еден од најдобрите видови во Калифорнија. Овој вид нуди вкусно чувство на еуфорија и релаксираност на целото тело. Покрај тоа, неговите психоактивни ефекти се во тоа што ви овозможуваат да го цените времето во дадениот момент.

Northern Lights

Овој вид на канабис нуди длабока релаксација која може да биде почувствувана уште од првиот дим. За оние кои имаат проблеми со спиењето или релаксација, овој вид е одличен да го испробате. Овој вид го користат и пациенти за да ги намалат хроничните болки или стресот.

Blueberry

Навраќајки се во седумдесетите па се до денес овој вид не престана да еволвира. Фановите на овој вид го обожаваат вкусот на боровинка и долготрајниот high. Медицински се применува за болка и стрес.

Hindu Kush

Овој вид потекнува од Авганистан и се смета дека е чиста индика. Со испуштањето на слатка арома ќе предизвикува целосно опуштање и релаксираност, а многумина го користат како противотров на анксиозноста.

Cannatonic

Содржи лековити својства благодарение на големата застапеност на CBD со стапка од 17%. Што значи дека не може да оддаде психоактивни ефекти. Се користи за третирање на стресот и аксиозноста, можат да го користат и пациенти кои имаат епилепсија, болка и многу други хронични заболувања. Овој стреин е добар избор за почетници или постари лица кои сакаат да го истражат светот на канабисот.

Granddaddy Purple

Зошто овој вид на стреин е толку добар? Оваа позната индика е со одличен вкус и лековити својства. Дава ефект на смиреност и релаксираност.

Sour Diesel

Оваа заживувачка сатива го добила името по нејзината арома што потсетува на дизелски гасови. Корисниците го ценат тоа затади нејзините брзи ефекти, така што овозможува да развие чувства кои се истовремено слични на соништа и зрак полн со енергија. Ова се случува поради ослободувањето од секојдневниот стрес, депресија или болка.

Strawberry Cough

Позната е по својот вкус на јагода во комбинација на зелени растенија. Едно од уникатните својства е нејзиниот двоен ефект, што значи дека нејзината генетика сатива помага во подобрување на фокусот, релаксираност на целото тело и умот.

White Widow

Еден од најпознатите канабиси во светот. По потекло е од Холандија и неговото име првпат се појави на сцена во кафулињата во Амстердам. Меѓутоа пациентите ја ценат неговата ефекасност во ублажување на болката, стресот и депресијата. Така, Белата вдовица е избалансиран хибрид што ни ја прави омилена меѓу корисниците на рекреација и медицина.

Durban Poison

Овој вид сатива со потекло од Африка има уникатен и сладок вкус на силни енергизирачки опојни својства. Најмногу го користат за чувството на high што овозможува повеќе креативност и продуктивност. Ги воздигнува телото и умот. Многумина го користат често за да им помогне да останат мотивирани и продуктивни.

Super Lemon Haze

Една од ретките стренинови кој освои две последователни награди за Купот на Канабис. Она што го прави толку легендарно се неговите солени ароми на цитрус и зуи што прави да се чувствувате поактивни. Значи ако ви треба мотивација во било која ситуација, можете да сметате на овој канабис.

OG Kush

Позната и како Кралица на Калифорнија, таа е една од најпотентните стреинс во светот. Таа е најпопулануиот изборо на пушачите од Западниот брег, освојувајќи неколку Купови на канабис. Многу други фантастични стреинс произлегуваат од истата билка. Исто така е моќен релаксатор и добар избор за вечерна употреба – пред спиење. Може да помогне при проблеми со посттрауматски стрес, анксиозност и стрес.

Chemdawg

Со ниво на THC од 20%, медицинските пациенти го користат за третирање на болка, анксиозност, депресија, мигрена и слаб апетит. Со мирис кој потсетува на дизел, произведува и овошни фенотипови.