Како расте легалната употреба на канабисот, потрошувачите се повеќе заинтересирани за своите различни опции. Моментално се откриени повеќе од 100 канабиноиди во конопот од кои најпознати се тетрахидроканабинол (THC) и канабидиол (CBD).
CBD– то е легално како лек за различни пореметувања, додека THC-то е сеуште илегално во повеќето земји. CBD-то најчесто го среќаваме во вид на екстракт, кој подоцна се продава како гелови, гуми, смола, масла, додатоци и многу слични производи. THC-то од друга страна е главна психоактивна состојка во канабисот. Најчесто се конзумира преку пушењето, но е достапен и преку маслата и капсулите.
Обете состојки влијаат на ендоканабиноидниот систем, а имаат различни влијанија.
Хемиска структура на ТHC и CBD
И CBD-то и THC-то имаат иста молкеруларна структура: 21 атом јаглерод, 30 атоми водород и 2 атоми кислород. Разликата е во распоредот на атомите, а тој ги објаснува различните влијанија во нашето тело. Исто така се хемиски слични по структурата со приридните канабиниди во нашето тело, што и му овозможува интеракција со канабиноидните рецептори. Оваа интеракција влијае на ослободувањето на неуропренесувачите во мозокот-хемиски состојки одговорни за пренос на пораките меѓу клеточните станици.
Психоактивни компоненти
И покрај нивните слични хемиски компоненти, CBD-то и THC-то немаат исти психоактивни влијанија. Односно канабидолот е непсихоактивна состојка, што значи нема да се чувствувате зашеметено за разлика од конзумацијата на THC-то.
Изглед на CB1 и CB2 рецепторите
ТHC се врзува за рецепторите во мозокот под називот канабиноид1 (CB1), кој доведува до чувството на еуфорија. CBD-то се врзува за CB1 рецепторите многу слабо, ако се врзува воопшто. Односно CBD-то може да го попречува врзувањето на THC-то и да ги ублажи психоактивните влијанија.
Медицински погодности
Канбисот придонесува за многу здравствени погодности
CBD-то и THC-то можат да помогнат во лекувањето на повеќе болести, како физички, така и психички проблеми. CBD-то не предизивикува еуфорични влијанија кои се јавуваат како кај THC-то, па затоа и е безбедно и многу благопријатно неговото користење.
CBD-то помага во облажувањето на следниве болести:
- епилептични напади
- воспаленија
- болки
- психози или ментални пореметувања
- воспаленија на цревата
- мачнини
- мигрени
- депресија
- анксиозност
THC-то пак од друга страна помага за решавањето на следниве појави:
- болки
- несоница
- слаб апетит
- мачнини
- анксиозност
Нуспојави
Една од најпознатите нуспојави кои ги предизвикува ТHC-то се црвените очи.
CBD добро го поднесува човековото тело, дури и во поглеми количини. Истражувањата покажуваат дека нуспојавите кои се појавуваат при употребата на CBD-то се најверојатно последица на интеракцијата помеѓу CBD-то и други лекови кои се заемаат.
THC-то предизивикува привремени нус-појави како што се: забрзана срцева работа, координациски проблеми, сува уста, црвени очи, забавени реакции и загуба на меморија.
Овие нус-појави се дел од психоактивните својства за кои се зборува дека претставуваат главна разлика меѓу THC-то и CBD-то како состојки. Иако нити еден спој не е фатален,внесена поголема количина на THC може да придонесе за долгорочни психички последици, посебно ако станува збор за адолесценти.
Употребата на THC-то го зголемува ризикот за некои психијатриски пореметувања како што е шизофренијата.
Тестирање за дрога
Канабиноидите како што се ТHC и CBD можат да се појават на тестовите за дрога неколку дена до една недела после конзумирање. Секој тест не може да го детектира канабидиолот, но постојат и тестови кои се осетливи на CBD. Разликата меѓу THC и CBD ќе се отчита и на тестовите за дрога.
Поголемиот број стандардни тестови содржат хемикалии поврзани со THC-то, со што ќе бидат позитивни, односно ќе утврдат неодамнешна козумација на канабис. Исто така конопот може да произведе мала количина THC заедно со CBD-то,така да тестот може да биде позитивен на THC дури и да не сте го користеле.