Што се терпени?

Мирисот и аромата на канабисот се содржани во терпените. Тие претставуваат ароматични состојки на есенцијалните билни масла, а можат ада се најдат и во зачините, овошјето и зеленчукот. Терпените во комбинација со канабиноидите можат да произведат различни влијанија. Оваа синергија на состојките објаснува зошто различни сорти на канабис можат да произведат различни влијанија, иако сите имаат сличен состав на канабиноиди.

Марихуаната содржи терпени, но тие содржат многу мал ден од тоа што се вика ендоканабиноиден систем.

Терпените може да дојдат во интеракција со многу различни рецептори во мозокот и телото бидејќи и тие како канабиноидите се врзуваат за мастите.

Канабисот произведува повеќе од 200 терпени во текот на својот развој, а некои од поважните кои остануваат присутни и после бербата се:

  • Пенин е примарен терпен во канабисот, кој најмногу влијае на неговиот мирис. Пенинот ја инхибира ензимската активност со што може да го ублажи негативното влијание на ТHC- то кое предизвикува краткотрајно памтење.
  • Лимонен е CBD терпен одговорен за цитрусните ноти кои се кареактеристични за некои видови канабис (пр. Lemon Haze), а кај другите билки најмногу го има кај агрумите. Има антидепресивно дејство ако се конзумира редовно преку исхраната.
  • Мирчен е терпен кои помеѓу другите се јавува како состојка на хмељот. Истражувањата покажуваат дека ги опушта мускулите и дејствува заспивачки.
  • Бета-Кариофилен во природата можеме да го најдеме во црниот пипер. Исто така е присутен и во конопот кој во интеракција со CB2 рецепторот може да има противвоспалително дејство. Бета-Кариофилен може да го ублажи мамурлакот предизвикан со предозирање на THC-то.
  • Линалол постои во природата во позначајни количини во лавандата, и дејствува смирувачки и антидепресивно.

Leave a Reply