Конзистентноста, ефикасноста и безбедноста на лековите од канaбис, се карактеристиките со кои здобиле доверба во терапијата на мултиплекс склероза.
Заклучокот на оваа студија е дека ендоканабиноидниот систем игра важна улога во хомеостазата и неврозаштитата на централниот нервен систем на човекот, учествува во имунолошката контрола и го одржува фино подесен хомеостатскиот баланс на централниот имунолошки систем.
Кај овој тип на болест како Мултиплекс склероза како и кај другите неуродегенеративни болести, неуропротективниот ефект на канабиноидите всушност се должи на стимулацијата на канабиноидните рецептори во телото на човекот – CB1, најзастапениот GPCR во мозокот, додека пак CB2 како непсихотропен канабиноиден рецептор е исклучиво поврзан со имуномодулаторните ефекти. Во студијата се испитува патофизичката важност на CB1R и CB2R сигнализациите во контекст на оваа болест како Мултиплекс склероза. Постојат значајни докази дека CB2R може да допринесе за формирање на заштитини механизми кои функционираат на повеќе нивои за да ги раководат хомеостатскте одговори.
Меѓутоа тешко е да се дешифрираат специфичните улоги на CB1R и CB2R, и како тие се разликуваат, посебно во однос на патогените настани поврзани со неуродегенерацијата на мултиплекс склерозата. Идните истражувања ќе бидат неопходни за да се идентификуваат прецизно механизмите која ја покренуваат канабиноидната сигнализација за да се регулираат клучните хомеостатски патишта во мозокот. Бидејќи CB1 и CB2 можат да коегзистираат во иста ќелија, постои потреба да се дефинира која врста интеракција постои помеѓу овие два поттипа рецептори и кое би можело да биде нејзиното физиолошко и фармаколошко значење.
Односно накратко кажано фармаколшкото активирање на CB2R рецепторот во мозокот, треба да се подетално истражи како би се развиле иновативни лекови кои би можеле ефективно да се спротивстават на моторните и неуролошките влошувања кај оваа болест.
Причина и објаснување зошто и како билните канабиноиди од цветот на канабисот кои активираат исти рацептори како и нашите ендогени канабиноиди, делуваат лековито, неуропротективно и регенеративно:
Ќелиите во имунолошкиот и нервен систем поседуваат механизам за синтеза и разградување на ендоканабиноидите, како и свои CB1 и CB2 рецептори, и секој од нив посредува различни внатрешно-ќелиски патишта после активацијата.
Оттука, ефектите на канабиноидите на ќелиите на имунолошкиот систем, на крвно мозочната бариера, микроглија, астроцити, олигодендроцити и неурони, потенцијално отвараат пат за многу тераписки акции кои би можеле да помогнат при лечењето на Мултиплекс склерозата. Како такви канабиноидите можат да имаат важно влијание на исходот на оваа болест во смисла на решавање на воспаленија или појачување на ендогените поправки во централниот нервен систем за кои сведочат моделите ЕАЕ,
ТМЕV-IDD и токсични демијелинизации и други инвитро пристапи. Досега е сумирано она што е моментално познато за периферните и централните ефекти на канабиноидите во врска со неуроинфламацијата поврзана со МС, а посебно внимание е посветено на нивните ефекти во процесот на зачувување на аксоните во централниот нервен систем.
Дејствување на канабиноидите преку CB1 и CB2 рецепторите
Терапискиот потенцијал на канабиноидите за управување на патолошките настани поврзани со Мултиплекс склерозата преку активацијата на CB1R и CB2R присутни во
различните ќелии на имуниот и нервниот систем вклучувајќи ги неуроинфламацијата, механизмот на поправка и неуропротекција.
Во истражувањето, меѓу другото се истакнува дека кај мултиплекс склерозата и другите автоимуни болести, е забележано намалено лачење на нашите природни ендогени канабиноиди, на пример Аnandamid, психоактивен канабиноид, кој има слично дејствување во нашето тело како што би имал и THC од канабисот. Со внесување на билни канабиноиди во случај THC, би се вратил балансот во организмот, со што симптомите би се намалиле, а телото и нервниот систем ќе се регенерираат и стабилизираат.
Исто така, докажано е дека CBD-то спречува молкеулите на THC-то да се закачат на CB1 рецепторите, туку ги преусмерува на CB2 рецепторите со што го подобрува и појачува трепевското дејствување на THC. Сепак синтетичкиот THC не може да се спореди сo оној природниот со полн екстракт, односно синтетички изолираните поединечни канабиноиди не се ни блиску толку ефикасни како полниот екстракт кој го имаат цветовите.
Севкупниот синергиски ефект на канабиноидите, терпени и флавониди од
цветот на канабисот е неопходен за лечење и терапија без обзир за тоа за која болест станува збор.
Се препорачува да се комбинираат екстрактите од CBD и THC од цветот за најдобар резултат, како и да се применува индивидуално дозирање за секој пациент поединечно, како и самиот сооднос на канабиноидите во лекот.