Протеин од семе од коноп – Веганско решение за спортисти и бодибилдери

Протеинот од семе од коноп е нутритивен додаток на исхраната на спортистите, бодибилдерите и сите оние кои се занимаваат со напорна физичка и телесна активност, па сакаат да ја зголемат својата мускулна маса. Разликата помеѓу протенинот од семе од коноп и другите протеински додатоци во исхраната е што протеинот од кононоп претставува потполно вегански производ.

Протеинскиот прашок од семе од коноп е со јаткаст вкус. Има високи нутритивни вредности, содржи девет аминокиселини, диетални влкана, здрави масти и минерали. Билните протеини стануваат се позастапени, а протеинот од семе од коноп веќе добива широк спектар на користење. Истражувањата докажуваат како својствата на аминокиселините во протеинот на конопот се истите оние кои се наоѓаат во белката од јајцата или сојата кои исто така претставуваат богат извор на протеини. Единствената разлика претставува количината за лизинот чија количина е пониска во протеинот на конопот.

Семе од коноп: Нутритивни вредности, својства и карактеристики

За полесна презентација и за споредба-30грама протеин од коноп содржи 120 калории и 15 грама протеини, зависно од произведувачот на протеинот. Протеинот на грашокот или на сојата е многу поконцентриран но има и зголемен процент на преработка, со што протеинот на конопот претставува многу поприроден избор.

Позитивни страни на протеинот од семе од коноп

  • Го зајакнува имунитетот-глобуларен протеин (едестин и албумин) се делови ензими, антитела, хормони и фибриногени кои можат да се најдат во крвната плазма.
  • Ја подига енергијата-есенцијални масни киселини кои испуштаат двапати повеќе енергија од јаглехидратите. Испуштањето се одвива бавно низ времето, што не доѓа до драстични скокови во енергијата туку правилно се распоредува низ подолг временски период.
  • Противвоспалителен ефект – Гама линоленската киселина е есенцијална масна киселина која заедно со другите нутриенти го штити телото од воспаленија.
  • Го подобрува варењето-протеинот на конопот во својот состав содржи диетални влакна кои помагаат во регулирањето на варењето на храната и да го забрзаат метаболизмот.
  • Ја забрзува мускулната регенерација-после напорни физички вежби потребно е да му се овозможи на телото одмор, опоравување и регенерација. Протеинот на конопот е идеален зошто во својот состав содржи комплетна палета на протеини.
  • Антиалергенски е идеален додаток во исхраната на луѓето вегани.
  • Го чува здравјето на срцето-аргинин е антиоксиданас од протеинот на конопот кој помага да се одржи здравјето на срцето и крвоносниот систем заедно со диеталните влакна и масните киселини.
  • Го намалува масното ткиво-содржи албумин и едестин кои осигуруваат забрзан раст на мускулите.
  • Го намалува апетитот-висок процент на диетални влакана обезбедува ситост за подолг период и го наламува апетитот.
  • Го прочистува организмот-влакната ги чистат цревата, го подобруваат варењето и го забрзуваат метаболизмот со што се чисти организмот од токсини.
  • Го регулира нивото на холестерол-есенцијалните масни киселини го смалуваат нивото на нездрави масти во телото и го спречуваат нивното понатамошно напластување на ѕидовите од крвните садови.
  • Ја намалува можноста за појава на остеопороза-есенцијалните масни киселини ја намалуваат можноста за појава на остеопороза која е резултат на дефицитот на истите.
  • Го одржува здравјето на скалпот и косата-витаминот Е и есенцијалните масни киселинија оджуваат оптимална количината на мрснотијата и сувоста со што се постигнува правилна регулација и се спречува србеж и иритација.

Протеинот од коноп е лесно сварлива намирница

Протеинот од коноп е лесно варлив скоро 100% од неговиот состав. Иако протеините од животинско потекло се полесно сварливи од оние од растително, телото може да ги искористи скоро сите амино киселини од протеинот на конопот што е доста важно за телесните функции, како и за одмор и регенерација на телото после напорни физички вежби. Протеинот на конопот е лесно сварлив поради присуството на едестинот и албуминот кои телото брзо ги искористува.

Тренинзи со помош на протеин од коноп

Протеинот од конопот е добиен со ладно пресување и за 10% поквалитетно од правот на конопот кој е добиен со изложување на високи температури. Протеинот од конопот е извор на диетални влакна. Висок процент на диетски влакна има многу здравсвени бенефити како што е стабилизација на шеќерот во крвта и здравјето на цревната флора.Препорачана днавна доза за диетални влакна за жени е 25 грама дневно, а за мажи 38 грама. Протеинот на конопот може да ви помогне за задоволување на дневните потреби за влакна. Доколку сакате да воведете протеини и влакна во својата исхрана, протеинот од коноп е идеален избор за вас.

Незаситени масти

Протеинот од коноп се добива со ладно пресување на семките од коноп од кои се добива и CBD масло. 30грама протеински прав содржи 3 грама незаситени масти кои се идеални за здравјето на срцето.Семките од конопот содржат Омега-3 и Омега-6 масни киселини во размер 3:1. Со конзумација на производите од коноп може да се избалансира внесот на Омега масните киселини. Протеинскиот прав е еден од најмалку преработените, а содржи и висока количина на здрави масни киселини.

Протеин од коноп: Богат извор на минерали и антиоксиданси

Семките од конопот се богат извор на минерали, фосфор, магнезиум, калциум, железо, цинк и бакар. Дневната доза може да покрие 80% од потребата на организмот за магнезиум и околу 50% од потребата на телото за железо. Исто така соджи лигнанамиди кои се со силно антиоксидативно дејство. Антиоксидансите го чистат организмот од токсини и штетни материи кои можат да предизвикат различни заболувања и појава на канцерогени клетки во организмот, појава на дијабетис и срцеви заболувања.

Дозирање и конзумирање

Протеинот од конопот се дозира според тежината на човекот во граница од 0,8 грама на 1 килограм телесна тежина. Луѓето кои се занимаваат со физичка активност како што се професионалните спортисти и бодибилдерите , бидејќи трошат повеќе хранливи материи поради активностите и треба да внесуваат повеќе нутритивни богати намирници во организмот, нивната мерка би требало да изнесува и до 3,1 грам протени од коноп на 1 килограм теленса тежина.

Споменатата грамажа е воедно и дозволениот дневен внес кај поголемиот број производители. Протеинот од конопот треба да се конзумира 2 часа после вежбање за да се добие целосен учинок.