Најдобрата замена за шеќерот е канабисот.
Американците конзумираат повеќе шеќер од која било друга држава, така што според Фондацијата за дијабетес на ден еден просечен Амеркианец внесува по 126 грама. На годишно ниво тоа изнесува 45 килограми на шеќер и претставува сериозен проблем за здравјето. Внесувањето на високо ниво на шеќер му штети на целиот организам а најмногу делува на дебелината, дијабетесот и срцевите заболувања.
Поради здраствените ризици, слатките состојки стануваат табу теми, па сега замените на шеќер се подеднакво чести на етикетите како и во реалниот живот. Стевиа, агави и други сирупи полека го кршат задржувањето на шеќерот во нашето општество, но прешањето е дали се тие по здрави? Една од најпопуларните замени е Стевиата, и дали е лоша за нас?
Иако може да изгледа необично и тешко да се пристапи кон шеќерот од преспектива на медицинскиот канабис, треба да се земе во предвид зголемената популарност на храната. Аналитичарите очекуваат продажбата на јадење да достигне милијарди долари до 2024 год во САД и Канада. Денес најмногу се конзумираат колачиња (brownies), бонбони, мастики, гумени бонбони, алкохол и сода пијалоци. Најголем дел од нив содржат високо ниво на шеќер.
Може да има здраствени придобивки од стевиа, агава или мед, но во што се крие вистината? Врз основа на тековните истражувања, не сите засладувачи се еднакво создадени. Во каква и форма да е создаден шеќерот, ако се конзумира во големи количини има штетно влијание врз организмот.
Што е проблемот со шеќерот?
Белиот, кристализиран и зрнест шеќер кој го има најмногу во колачите и питите, преставува голем проблем. Како високо рафириран производ, тој не содржи витамини, минерали или било какви други хранливи вредности на кој му се потребни на организмот. Рафинираниот шеќер има висок гликемиски индекс кој изнсува 65. Гликемискиот индекс е скала што го опишува влијанието на супстанцијата врз нивото на гликоза во крвта. Низок гликемиски индекс значи бавно варење, асорпција и метаболизам. Ако се конзумира шеќер секојдневно, во поголеми количини тоа доведува до поголем индекс и може да настане скок на инсулинот и на крајот се добива дијабетес. Според истражувањата во 2018 год. Луѓето што конзумираат премногу шеќер се во опаснот од добивање на деменција. Деменцијата претставува збир од симптоми на постепено, но прогресивно опаѓање на капацитетот на мозокот.
Како збир на сето тоа шеќерот е сериозен проблем затоа што секојдневно го конзумираме, понекогаш и ги минуваме границите. Сето тоа му влијае на организмот и ни создава многу болести, оштетувања и завист.
Супститути на шеќерот во готвењето со канабис
Во обид да се намалат скоковите на инсулинот, некои нутриционисти се залагаат за засладувачи со низок гликемиски индекс. На пример медот има гликемиски индекс 58, агава 19 и јавовиот сируп 54. Нискиот гликемиски индекс е добар чекор, но следниот е да се намали конзумирањето на шеќер што е можно повеќе.
Ако применувате да готвите со канабис, кои се алтернативните на белиот шеќер што се коисти скоро во сите рецепти? Еве неколку опции:
Стевиа: нов засладувач извлечен од растение наречено Stevia rebaudiana за разлика од сите други популарно алтернативи на шеќерот, стевијата нема никакво влијание врз шеќерот во крвта. Овој факт доведува до зголемена популарност на растението и замена на белиот шеќер. Сеуште нема долгорочни студии за растението но Администрацијата за храна и лекови смета дека е безбедно за употреба.
Агава: слатка екстрација на замена од сина агава со потекло од Мексико. Популарна е кај нутриционистите бидејки околу 40% е посларка од обичниот шеќер, што значи дека агавата е се по популарна и се конзумира се почесто. Исто така агавата не содржи вредни елементи во трагови, како белиот шеќер.
Јаворов ситуп: концентриран сок од јавор, која е главна храна во Канада. Секој четириесет литри сок извлечен од дрвото е еквивалентен на еден литар јаворов сируп. Како и другите природни засладувачи, јаворовиот сируп првенствено се состои од фруктоза, но содржи антиоксиданти и неколку есенцијални минерали.
Мед: малку посладок од трпезниот шеќер и често има цветен вкус кој зависи од цеќињата што ги опрашуваат неговите креатори – пчелите. Како јаворовиот сируп, тој е претежно фруктоза, но содржи вирамини и минерали, вклучувајќи ниацин, рибофлавин, тиамин и вирамини Б6. За да извлечат најмногу хранливи материи од една лажица мед, пациентите ќе сакаат нерафиниран органски извор на мед.
За среќа храната може лесно да се приготви дома, рецептите се прилагодливи и можат да се најдат само со едно пребарување. Пациентите можат да експирементираат со солени опции исто така, за да го намалат внесувањето на шеќер. Наместо лажица со рефиниран шеќер, зошто да не испорбате неколку капки стевија или мала количина на суров, непастеризиран мед? Диетата во Северна Америка е веќе полна со шеќер, нема причина зошто да биде и нашиот лек.
Промената почнува од смите нас, доколку се грижеме за нашето здравје и тело и тоа ќе не опстојува долго. Важно е што внесуваме секојдневно и како сето тоа има влијание врз нас, не само органски туку тоа влија е врз нашето ментално здравје. Применувањето на здравите состојки можат да направат големи промени, чекор по чекор да се искоренат лошите навики и да се стекнат поздрави.