Канабисот претставува најбезбеден лек, со минимален број на несакани ефекти, па затоа се повеќе лекари го препорачуваат во оние држави каде е легален. Истражувањата ја поддржуваат потенцијалната корист од замената на фармацевтски производи со канабис.
Канабисот може да замени одредени лекови кои се издаваат на рецепт, посебно оние за болка. Во неколку истражувања корисниците на канабис за тераписки цели во САД и Канада, најчести лекови кои ги заменуваат со канабис се оние за болка, депресија, анксиозност и несоница.
Освен тоа, канабисот се употребува и во комбинација со класична терапија кај хронични невролошки, кардиоваскуларни, автоимуни болести како и во третирање на канцерни заболувања.
Во 2021 година објавена е студија која вклучила 3000 пациенти во списанието „Harm Reduction Journal“, кое покажало дека повеќе од половина од пациентите сметале дека канабисот е многу поефективен од лекови на рецепт, 85,5% од препишаните лекови имале негативни нус појави од нивото користење, кои биле многу потешко подносливи за разлика од оние на канабисот.
Лекови на рецепт кои се најчесто заменувани со канабис:
Болка
Лекови против болки како што се Okicontin и Trodon (синтетички опоиден аналгетик). Во студијата објавена во списанието „Frontiers in Pharmacology“ (2021), заклучено е дека: кога мала доза на THC се воведува како додатна терапија, клинички се приметува подобра контрола на болките како и намалена штета за разлика од лековите кои имаат исто такво опоидно дејство. Успехот е таков да дури некои пациенти можат во потполност да ја прекинат зависноста од лекови за болки и да ја заменат со канабис, а некои други пак со канабисот ја смалуваат штетноста на лековите кои ги земаат при терапија на некои болести.
Депресија, анксиозност, АДХД
Некои студии и лични искуства покажуваат на тоа дека луѓето кои имаат пореметување на вниманието и фокусот, им помага редовна конзумација на канабис.
Антидепресивите како што се Ritalin и Adderall (мешавина соли амфетамин), можат успешно да бидат заменети со канабис. Тие делуваат така што го продолжуваат дејството на допаминот во организмот, а знаеме дека тој е одговорен за позитивното расположение кое го подобрува распонот за задржување на вниманието и фокусот. Што значи канабисот може да го надокнади тоа, зашто делува за негово зголемување.
Сон
Во Америка се проценува дека скоро 70 милиони жители патат од несоница или некои дисфункции во обрасците на спиење. На нервниот систем му е потребен сон, за да ја оддржи
хомеостазата, енергијата и когнитивната снага. Нетретираните проблеми со спиењето можат да доведат до болести и психијатриски пореметувања, како и злоупотреба на лекови и
супстанци.
Лекови како што е Амбиен кој содржи супстанци за смирување, Restoril, Halcion, Sonata и слични може да бидат заменети со канабис. Една од најпопуларните примени на канабисот е за постигање на полн ноќен сон. Најголем број корисници се пациенти кои имаат проблеми со спиењето поврзани со поссттраумтаски пореметувања, анксиозност или болка.
Студијата објавена во ’Frontiers in Molecular Neuroscience‘ (2020) година, дава преглед на хипногените ефекти на THC-то, како и на ефектите воопшто на канабисот врз спиењето. Познато е дека THC-то го смалува времето потребно за почеток на спиењето и го намалува честото будење во текот на спиењето. Според друго истражување пак се вели дека повеќе од 2/3 пациенти кои користеле канабис успеале да ја намалат зависноста од лекови за спиење.
Краткорочно, канабисот го поддржува сонот, обезбедува длабок сон, но се покажало дека може да ја поремети REM фазата, со што мтоа може да има здравствени имликации,
вклучувајќи и сон кој не е доволно квалитетен за да го одмори организмот. Но секако е подобра опција канабисот во борба со несоницата или неправилно спиење, за разлика од
долготрајното континуирано земање Ambien како лек кој предизвикува зависност и осцилации во расположението.
Како заклучок можеме да кажеме дека без разлика на каква одлука е пациентот, треба да се консултира со лекар, зашто канабисот има некои свои контраиндикации во комбинација со некои фармацевтски производи и може да го намали нивното дејство. Исто така треба да се знае дека канабисот го намалува крвниот притисок и шеќерот во крвта до нормални граници, така да треба да се има предвид дека ако се зема канабис паралелно со терапија за висок притисок, може додатно да се намали.