Историја на канабис

Билка која е пронајдена векови наназад, од старите цивилизации без да се знае нејзината примена и намена. Дали некогаш сте се запрашале кој и како била откриена билката ‘канабис’ и како го добила името. Гледајки назад низ времето била актракција во одредени региони и имала различна употреба.

Денес Канабисот е употреблив насекаде во светот, но само во неколку земји е легализиран. Во повеќето земји што не е легално се конзумира, без разлика на пропишаните закони.

Канабисот почнал да се употребува од третиот милениум п.н.е. во пишаната историја. Има пронаоѓања и од архелолошките докази, со многу нацрти од листовите на канабис и се смета дека неговата примена била за религиозни и рекреативни цели.

Во четиринаесеттиот век во Исламскиот свет започнало да се ограничува користењето на билката. Одпосле во деветнаесеттиот век започнале ограничувањата и во Колонијалните земји, заради расни и класни поделби. Народната координација довела до огромни ограничувања за користење на канабисот низ цел свет, во раниот дваесетти век.

Доаѓањето на дваесет и првиот век го сменил гледиштето и пристапот во некои нации, и оформил друга преспектива за канабисот и неговота употреба. Холандија е првата земја која го легализирала канабисот, потоа Уругвај, Канада, и Јужна Африка.

Античка употреба на канабисот

Во Централна Азија и Индискиот субконтинент канабисот е автохтоно растение, вооедно и едно од првите што е култивирано.

Јапонците започнале со одгледувањето на канабис уште од најраниот преднеолитски период, а неговата употреба била како извор за храна или психоактивен материјал.

Имало многу археолошки докази кои потекнуваат од Кина, со отпечатоци од коноп на керамички садови од културата Јангшаво кои детирале од петтиот век п.н.е. Одпосле Кинезите започнале да го користат конопот за свое лично производство на облека, обувки, јажиња и во форма на (материјална) хартија.

Конопот е доста познат како ‘Ганџа’ на современите индо – ариски јазици. Тој назив на канабисот е препознатлив во современиот свет и сеуште се користи како синоним за ‘канабис’.

Античките Асиријци канабисот го нарекувале ‘канубу’ и ‘канабу’ и го користеле како ароматично средство (со тоа што го палеле за да испушта ароматичен чад).

Жителите на Скитија честопати го користеле канабисот како ритуал и заради своја сопствена рекреација, со тоа што палеле листови од коноп и ја вдишувале пареата. 

Глобално ширење на канабисот

При завршувањето на милениумот, употребата на канабисот започнала да се шири се до персискиот и арапскиот свет. Во 1230 година п.н.е. бил воведен во Ирак за време на владеење на калифот Ал – Мустансир Била, со придружба на бахреинските владетели кои тогаш биле во посета на Ирак.

‘Мисичните исламски патници’ од Сирија, го воведеле канабисот во Египетската култура во дванаесеттиот век п.н.е. Подоцна во тринаесеттиот век Египетската култура почнале со одгледување на уникатен вид на канабис и хашиш, кои биле документирани во тоа време.

Пушењето не било вообичаено во Стариот свет се’ додека не го воведеле тутунот, па се до 1500- те години во муслиманскиот свет хашишот се користел како јадење.

Канабисот се смета дека бил воведен во Африка од раните арапски или индиски хинду патници, кои подоцна имигрилале во Јужна Африка. Имало откирено цевки за пушење во Етиопија и траги од канабис во 1320 година п.н.е.

Во Јужна Африка употребата на канабисот се популаризирала од страна на домородните луѓе Хоисан и Банту, пред европското населување во Кејп во 1652 година. 

Рани рестрикции

Забраната за употреба на канабис ширум светот била спроведена од страна на Судските надлежности, во различни временски периоди. Првата забрана била во Арабија, а подоцна кралот од Мадагаскар забранил да се употребува и во Мерина со што спроведел смртна казна.

Ширењето на европските колонии и нивниот контакт со други региони што веке употребувале канабис, започнало да се прошурува во нови колонијални области кој предизвикал аларм за тогашните власти.

Португалците кои биле увезени од Африка, имале знаење за канабисот и го упоребувале психоактивно, што сето тоа довело до забрана на внесување на канабис во Рио де Жанеиро во 1830 година и се сметало за казниво по секоја цена.

Британската практика на транспорт на индиски работници низ империјата, довело до ширење на практиките за одгледување на канабис. Загрижените власти за употребата на ‘ганџа’ донеле одлука да го забранат нејзиното користење.

Во 1870- та година Натал ( во Јужна Африка) донел закон со кој се забранува пушење на конопот, негова употрба, поседување и продажба, размена или подарување на кој било Кулис.

Со доаѓањето на дваесеттиот век рестрикциите за употреба на канабис се повеќе биле зголемени. Биле донесени строги закони за нејзина употреба насекаде низ светот и сметале дека билката спаѓа во групата на психотропна дрога. 

Либерализирање и легализирање

Во 1972 година Холандската влада ја категоризирала дрогата во повеќе и помалку опасна, а канабисот спаѓал во помалку опасна дрога. Според тоа поседувањето на 30 грама или помалку е сметано за прекршок. Канабисот бил достапен за рекреативна употреба во кафулиљата во Холандија од 1976 година.  За своја лична употреба до 5 грама е декриминализирано, но полицијата до ден денес може да конфискува што често се случува при проверки на автомобилите близу границата. Општиот пристап до канабисот бил добро прифатен и пред да се декриминализира, но секаков вид на дуга продажба или пак транспорт на канабисот не се дозволени.

Канабисот привлекол големо внимание во 70 – тите и 80 – тите години во минатиот век, за негова употреба во медицината. Многу од пациентите кои боледувале од карцином пријавиле деке имале ослободување од ефектите на хемотерапијата и синдром на истоштување. Во 1996 година, Калифорнија била првата држава од САД што легализира медицински канабис во спротивност на федералниот закон.  Подоцна во 2001 година Канада била првата земја што усвоила систем за регулирање на медицинска употреба на канабисот.

Земјите како Португалија, Белгија, Чиле, Бразил и Чешка го декриминазирале канабисот.

Во Уругвај претседателот Хозе Мухика потпишал законодавство за легализација на рекреативен канабис во декември 2013 година, со што Уругвај била првата модернистичка земја во новата ера што легализира канабис. Уругвај во 2014 година легализирала одгледување на канабис до шест растенија дома.

Денес се повеќе се зголемува поддршката за легализација на канабисот, дали медицински или рекреативно. Се согледуваат позитивните ефекти на билката и дека истата нема негативни влијанија. Ова можеме да го забележиме и во нашата земја, каде се повеќе е изложена во медиумите и се повеќе се разговара на тема легализација.