Што претставуваат фитоканабиноиди?

Фитоканабиноидите се сите природни состојки од билката кои можат да дојдат во интеракција со канабиноидните рецептори. Овие состојки во канабисот можеме да ги најдеме и во други билки како што се лишаи, црн пипер, лаванда и сл.

Комбинацијата на канабиноидот и терпеноид, се состојки кои на марихуаната и даваат карактеристичен мирис кој може да ги појача психоактивните и медицинските влијанија врз телото. Оваа синергија помеѓу канабиноидот и другите состојки обично се нарекува “ефект на придружба“.

Постојат повеќе од 100 канабиноиди кои се произведуваат од канабисот а можат да се поделат на структурни типови:

THCA

THCA или Тетрахидроканабинолна киселина е примарен фитоканабинол кој го произведува марихуаната. ТHCA во самата билка не е психоактивна, туку се декарбоксилира во THC со загревање при пушење, испарување или готвење. ТHC-то дејствува заедно со CB1 и CB2 ендоканабиноидните рецептори, а се одликува со противвоспалителни и аналгетски својства. Нуспојавите после предозирањето со THC се поспаност, тежина и брзо чукање на срцето. Обично се појавуваат кај луѓе кои за првпат конзумираат, а со честата конзумација, се зголемува толеранцијата на сосотојките, па со тоа и на самите нуспојави.

CBDA

CBDA или Канабидиолна киселина е другиот примарен фитоканабинол. CBDA e исто како и THC-то со загревање може да декарбоксилира во CBD. Утвдено е дека CBD-то не е во интеракција со CB1 и CB2 рецепторите, туку дејствува на други рецептори во телото.После многу истражувања за влијанието на CBD-то врз чповековото здравје, докажано е дека влијае на намалување на анксиозноста, болките и спречување на ширењето на тумори.

CBG

CBG или Канабигерол е налгетски, непсихоактивен канабиноид. Воглавно е во интеракција со рецепторите кои не припаѓаат на ендоканабиноидниот систем. Докажан е како влијателен аналгетик и антибиотик како и активен разбивач на клетките од туморот. Некои испитувања покажуваат дека може успешно да учествува во лечењето на воспалителните болести на цревата.

CBCA

CBCA или Канабикроменска киселина је фитоканабиноид произведен во раниот циклус на цветањето на конопот, што подразбира берење на незрели цветови. Се разликува од THC-то по тоа што не е во интеракција со канабиноидите рецептори. Истражувањата покажуваат дека има противвоспалителни и аналгетски својства.

CBN

CBN e канабинол кој не го произведува самата билка туку настанува како резултат на оксидацијата на ТHC.Откриен е во старите примероци на смолата и маслото, а неговоата присутност упатува на лошото складирање на производите од канабис. CBN дејствува во терапијата при изгореници, а во комбинација со ТHC-то дејствува и заспивачки.

Leave a Reply