Дали сте размислувале што претставува ендоканабиноиден систем?
Додека некои луѓе го конзумираат канабисот поради неговите психоактивни состојки, други го користат како лек. Но, тој и не би можел да дејствува во човековото тело, доколку во него не постои механизам за интеракција со активните хемиски состојки на канабисот како THC-то или CBD-то.
Овој механизам го нарекуваме и ендоканабиноиден систем, а токму тој ги овозможува влијанијата од активните сосотојки на канабисот врз нашиот организам.
Што е ендоканабиноиден систем?
Научниците ги опишуваат канабиноидните рецептори во телото прв пат во 1980 година како посебен состав на регулаторните механизми во телото и го нарекле ендоканабиноиден систем.
Интеракцијата помеѓу рецепторите во ендоканабиноидниот систем и канабиноидите од канабисот доведуваат до психолошки и физиолошки влијанија. Тие влијаат врз телесните функции како моторичка контрола, донесување одлуки, учење и памтење, тешкотија, стрес, страв и болка, телесна температура, емоции итн. Постојат три клучни компоненти во ендоканабиноидниот систем:
- Канабиноидни рецептори
- Ендоканабиноиди
- Mетаболички ензими
Канабиноиди
Канабиноидите од канабисот го имаат истиот ефект врз нашиот организам како и ендоканабиноидите. Многу од болестите коишто денес го уништуваат човекот, настануваат токму поради ендоканабиноиден дефицит, а единствениот природен извор за надополнување на овие клучни состојки е токму канабисот. Канабиноидните рецептори сместени се на површината на клетките во човековото тело, а нивната задача е да пренесуваат информации за промената на состојбата во самите клетки, односно пренесување на клеточниот одговор. Постојат два главни поттипови канабиноидни рецептори CB1 и CB2, кои воедно се и најмногу истражувани.
- CB1 рецептори: CB1 рецепторите се најраспространети во мозокот, но се појавуваат и во целиот нервен систем. Во комбинација со ендонабиноидите влијаат на отпуштањето на неуротрансмитерите и делуваат психоактивно.
- CB2 рецептори: CB2 рецепторите најчесто се сместени надвор од нервниот систем во телото.Можат да се најдат во имунолошкиот систем, во системот за дигестија, крвните клетки, крајниците и сл. Тие ги контролираат воспалителните реакции и имунолошките функции во телото.
Важно е да се напомене дека и двата рецептори можат да се најдат во целото тело.
Ендоканабиноиди
Ендоканабиноидите се канабиноиди кои телото природно ги произведува, а се врзуваат на ендоканбиноидните рецептори.Тие влијаат на одржување на физиолошката стабилност на телото, односно поврзани се со концептот на хомеостаза, односно помагаат за стабилизација и нормализација на системот кога ќе излезе од рамнотежа при случај на болест или повреда. Постојат два главни ендоканабиноиди:
- Анандамид е неуротрансмитер и ендоканабиноид, по хемискиот состав аналоген на THC-то.Се синтетизира во клеточните менбрани и се врзува со CB1 и CB2 рецепторите. Анандамидот влијае на регулацијата на апетитот, чувство на пријатност и болка. Со обзир дека молекулата на анандамидот наликува на молекулата на THC, се претпоставува дека ТHC-то во телото го имитира делувањето на овој ендоканабиноид.
- 2-арахидоноилглицерол (2-AG) е другиот главен ендоканабиноид кој се врзува со CB1 и CB2 рецепторите и претставува најобилниот ендоканабиноид во телото на човекот. Се претпоставува дека игра голема улога во регулацијата на апетитот и чувството на болка и влијае на финкцијата на имунолошкиот систем. Со обзир на тоа дека е откриен во 1992 година, точната функција на (2-AG) канабиноидот се уште точно се истражува и утврдува.
Ензими
Ензимите играат многу важна улога во ендоканабиноидниот систем. Тие се одговорни за декомпозиција на ендоканабиноидниот остаток по завршувањето на нејзината физиолошка улога, односно задачата на метаболичките ензими е да брзо го разградат ендокнабиноидот кога ќе се искористи, односно тие го обезбедуваат ендоканабиноидот да се искористи точно тогаш кога е потребен, а не одложено или подолго отколку е потребно, туку точно во вистинското време.
Ензимите постојат во два вида, и вклучуваат: :
- Масна киселина хидролаза (FAAH): задолжен за уништување на вишокот на анандамид.
- Моноацилглицеролапаза (MAGL): задолжен за работа со 2-AG.
Овие ензими обезбедуваат дека ендоканабиноидот ќе се користи кога е потребен, но нема да остане непотребен во системот на телото.
Како канабиноидите дејствуваат на мозокот?
CBD масло има одлични медицински својства! Канабиноидите кои се наоѓаат во канабисот може да ги попречуваат хемиските пораки кои се испраќаат меѓу неуроните. Пример, кога се конзумира канабис со висок процент на THC, THC-то ќе се врзе со ендоканабиноидните рецептори во мозокот. Рецепторите тогаш создаваат додатни невротрансмитери во овој случај Анандамид.
ТHC,односно тетрахидроканабинол-от може да дејствува на способноста на мозочниот канабиноид да праќа премногу сигнали на невронот кој треба да ја слушне пораката. Кога тоа ќе се случи, невронот кој слуша ќе произведе дополнителни количества на Aнандамид кој се отпушта преку синапсите (празнините меѓу нервните станици) и се врзува на CB1 рецепторите во неуроните на мозокот.
Како канабиноидините лекови влијаат на ендоканабиноидниот систем?
Лековите базирани на канбиноиди можат да влијаат на рамнотежата на ендоканабиноиднот систем. Активацијата на канабиноидните рецептори поради некоја медицинска причина може да предизвика и некои други несакани нуспојави.
Како ендоканабиноидите дејствуваат на мозокот?
Ендоканабиноидите се деривати на масните Омега-3 киселини, за се синтетизираат според потребите на човековото тело. Не се растворливи во вода па според тоа дејствуваат локално.Една од активностите на ендоканабиноидите е отпуштање на науротрансмитерите кои ја спроведуваат комуникацијата помеѓу неуроните.
*Прочитајте повеќе: