CBD и ТHC се најпознатите и најистражените канабиноиди во билката канабис. Медицинските истражувања за овие канабиноиди од ден на ден се повеќе ги зголемуваат своите сознанија за нивните благотоворните својства и се повеќе производи базирани на CBD се веќе достапни по специјализираните продавници за канабис.
Во следниот текстуален прилог ви презентираме што претставува CBD, како дејствува на организмот, како се произведува и кои болести потенцијално може да ги лекува.
Што е CBD?
CBD (cannabidiol) претставува еден од преку стотина различни фитоканабиноиди кои произведуваат трихоми на површината на билката од канабисот.
CBD е денеска најпознат и најкористен канабиноид.
Поимот канабиноид во општа смисла се однесува на молекули кои имаат способност да се врзуваат на рецепторите на ендоканабиноидниот систем во човековото тело. За разлика од ендоканабиноидот,т.с канабиноид кој телото само го создава, поимот фитоканабиноид се однесува на канабиноидите кои ги произведува билката канабис.
CBD е хемиски сроден на THC (тетрахидроканабинол), психоактивен фитоканабиноид кој го предизвикува чувството “high”, по кој е канабисот познат. Овие два канабиноиди се најмногу истражувани, и покрај тоа што во последно време се откриваат благотоворните својства и на други значајни канабиноиди.
CBD-то и THC-то покажуваат многубројни благотоворни својства. CBD-то нема да предизвика чувство на опијанетост како THC-то. Ова е поради тоа што овие канабиноиди различно дејствуваат врз ендоканбиноидниот систем на човекот. Во зависност од количината во која се присутни во одреден производ или билка, количината на CBD-то дури може и да го ублажи непријатното чувство на ТHC-то.
Производство на CBD
Како што напоменавме, CBD-то е еден од стотината хемиски состојки кои заедно со другите канабиноиди и терпени приридно се излачуваат од билката на канабисот. За да се издвои CBD-то од билката во облик на масло или концентрат, потребно е да се поминат неколку технологиски чекори за негова екстракција.
Екстракција
Првиот чекор за добивање концентрат од CBD е екстракцијата. Тоа е процес во кој се извлекуваат хемиските состојки од канабисот.
Постојат повеќе начини за екстракција, но најачесто применувани во индустриското производство на CBD-то се етанол методата како и CO₂ методата за екстракција.
Двете методи во основа фунционираат на исти начин.Издробената билка од канабис се потопува во (етанол или CO2) за да ги извлече хемиските состојки од билката. Теќноста откога ќе испари, она што останува се молекулите на CBD-то, THC -то, терпените и другите состојки.
Треба да се напомене дека постои и трета популарна метода на екстакција на CBD-то, со помош на масло за јадење, која пак метода не се користи во технолошкиот процес, но е многу едноставна и сигурна, па претставува идеално решение за екстакција во домашни услови и производство на CBD масло.
После екстракцијата
Мешавината од хемиски состојки добиена после екстракцијата се нарекува CBD масло со полн спектар.
Ако сакаме да добиеме чист CBD (односно CBD изолат), потребен е уште еден чекор од дестилацијата кој ќе ги отстрани хлорофилот како и другите непотребни сосотојки. CBD се издвојува од мешавината со постапка наречена кроматографија која со кристализација го извлекува CBD (чист 99%+ CBD) прав во бела боја без мирис и вкус.
Чистиот CBD изолат на крајот се меша со другите состојки за да се добијат производи како што се CBD тинктура, капсула, крема, бонбони итн.
CBD масло
Производството на CBD маслото зaпочнува како побуна против рестриктивните политики против канабисот, но сега во моментот веќе е прерасната во индустрија вредна од повеќе милиони долари. Во последно време се повеќе производи на база на CBD се застапени на пазарот.
Позитивната страна на популаризацијата на CBD-то е што сега маслото може веќе да се набави во било кој момент и е лесно достапно. Но негативната страна на оваа приказна е недоследноста во квалитетот.Понекогаш може да се сретне и грешка етикета која неточно ги наведува количините на CBD и THC. Исто така, лошо преработено масло може да содржи остатоци од штетни сосотојки, остатоци од пестициди, вештачки бои како и други непотребни состојки кои не се погодни за човечкиот организам. При купувањето на маслото треба да се внимава на доверливоста да добавувачот.
CBD смола
CBD смола или паста е густа течност којa содржи количина CBD која е под законски пропишаната граница од 0.2% THC. Се разликува од маслото по густината и по концентрацијата која се движи од помеѓу 20% и 80% CBD.
Како дејствува CBD?
CBD -то и THC-то влијаат на телото на многу начини, но најбитен е ефектотот што го имаат преку ендоканабиноидниот систем на човекот.
Ендоканабиноидниот систем игра клучна улога во регулацијата на широкиот спектар на физиолошките процеси во телото.Влијае на расположението, енергијата, системот на дигестија, крвниот притискок и регулира на кој начин осеќаме некои чувства ккао бол,стрес,глад и друго.
Доколку нивото на ендоканабиноидите не е урамнотежено, овие функции во телото можат да бидат нарушени.
Заради својата молекуларна структура CBD-то и THC-то, имаат способност да се врзуваат на CB1 и CB2 рецепторите на човековиот ендоканабиноиден систем. Со ова можат да ја регулираат количината на ендоканабидоидите кои телото само ги произведува, па со тоа можат да ја забават или да го спречат развивањето на многу болести.
Како што луѓето се повеќе се одлучуваат за алтернативни методи за лечење кои не вклучуваат озбилни нус појави и етички контроверзии врзани со производите на водечката фармацевска индустрија, бројот на медицинските истражувања за CBD-то од ден на ден се повеќе се зголемува.
Дoсега CBD-то се докажа како успешно во ублажувањето на симтомите на повеќе здравствени тегоби како што се:
- Артритис
- Алцхајмерова болест
- Паркинсонова болест
- Мултиплекс склероза
- Епилепсија
- Ендометриоза
- Дијабетис
- Атеросклероза
- Аутизам
- Посттрауматско стресно пореметување
- Пореметување на фокусот со хиперактивност
- Психички пореметувања
- Мигрена
- Несоница
- Депресија
Овие се само некои од медицинските состојби кај кои CBD-то може да помогне.
Со оглед на тоа дека CBD-то влијае и на апетитот, може да придонесе за слабеење, а се спомнува и како афродизијак. Може да го консумираат и домашни љубеници без никакви последици.