Метод на конзумирање на CBD
Популарноста на CBD се зголеми за кратко време, а индустријата се развива паралелно со истражувањата за фамилијата на канабиси. Денеска имаме можност да одбереме различни цвформи на CBD: масло, тинктури, креми, балзами и популарниот производ “ediblesa”. Индустријата се повеќе ја зголеми популарноста и достапноста на сите производи.
Најдобар и најбрз начин на конзумирање – во смисла на брзо делување зависи од начинот и дозата на земање. CBD патува од крвотокот до рецепторите, а брзината со која се движи е под влијание, меѓу другото, и од многу важен фактор познат како биорасположивост.
CBD масло
Еден од најчестите начини за конзумирање на CBD е со капнување масло под јазикот. Нјачесто го користат луѓето кое им е потребно за брзо делување за ублањување на болките или го користат како третман за одредена болест. Луѓето го конзумираат под јазикот затоа што делува по брзо за разлика од другите методи и е краткотрајно и интезивно. Исто така маслото може да се додава во изхраната или во напиток.
CBD Капсули
CBD Капсулите делуваат по касно и имаат помала биорасположивост, односно интезитетот е помал за разлика од CBD маслото. Така делуваат затоа што капсулите пред влезот во крвотокот мораат да поминат преку дигестивниот систем. Целиот процес може да трае еден до два часа, а некои можат да почувствуваат дека дејството трае подолго – тоа зависи од толеранцијата на конзумирање.
Предноста на конзумирање на капсулите се смета како “најбезбеден метод”. Дозата е веќе поставена на оптимални количини, што ги прави идеални за почетници. Потребно е повеќе време за да се примети ефектот/(добие посакуваниот ефект) , а резултатите за некои траат подолго. Затоа капсулите се идеални за различни состојби како анксиозност и стрес кои бараат подолго дејство.
CBD креми
Мелемите и кремите со CBD се корисни за болки на телото и кожата – наменети се за најворешна употреба. Кремот може да се нанесе директно на проблематични и болни места, што помага при воспаление на мускулите и вкочанетност на зглобовите. Исто така поради антиинфламаторното дејство на CBD, кремите се одлични за разни кожни проблеми и други кожни воспаленија.
Кремите со CBD се корисни во услови каде што е потребно фокусирано дејство, а тоа што е особено точно кога се нанесува директно на кожата. Така, CBD може лесно да се дисперзира во крвотокот со помош на липиди и да влијае на најблиските рецептори околу болната област. Времето поребно за да се почувствува ефектот е приближно 20 до 45 минути.
Времето од почетокот на дејството и самото времетраење варира и зависи од поединецот. Сепак, сето горенаведено е основна постапка и треба да служи приближно како одговор на стапката на дејство и последнователно дозирање на производите на CBD. Со CBD, важно е да се избере типот на производ кој најмногу ќе одговара на вашето тело.