Kaко расте популарноста на CBD-то, и канабисот воопшто, кој е застапен низ различна палета на производи по европските пазари, тенденцијата за нови производи кои го содржат овој канабиноид, се појавува и на нашиот пазар.
Веројатно имате веќе слушнато за лековитото дејство на CBD маслото и за тоа дека може да помогне во лекувањето на некои видови болести.
Но што ако ви се потребни поголеми количини од CBD маслото/односно поголеми количини од канабиноидот CBD за да го постигнете саканиот резултат?
Во тој случај може да ви помогне CBD смолата, која понекогаш се нарекува или ќе ја сретнете како CBD паста.
CBD смола и CBD масло
CBD смола или паста е густа течност која содржи значителна концентрација на CBD под законски пропишаните количини од 0.2% THC.
CBD смолата исто како и CBD маслото, се добива од цветот на индустрискиот коноп, но не се меша со органски масла, путер или восок-MCT масла, па со тоа и има различна текстура и концентарција од маслото.
CBD смолата се разликува од маслото првенствено по густината, додека маслото е течно и обично е пакувано во шишенца со капалка, CBD смолата е многу погуста и не доаѓа во стандардни пакувања кои често ги среќаваме во CBD продажните места. Најчесто можат да се купат во пакувања налик на инекција од кои подоцна се истискува смолата.
Освен текстурата и густината како разлика меѓу маслото и смолата, можеби најважна разлика е концентрацијата на CBD-то. Додека маслото содржи 5-10% CBD, смолата содржи помеѓу 20% и 80% CBD.
Со оглед на високата концентрација на CBD-то, смолата е погодна за оние на кои им е потребна поголема количина на канабиноиди.
Како се произведува CBD смола
CBD смола се произведува на сличен начин како и маслото, но сепак постојат разлики. Во производството на смолата постојат два различни пристапи- производство на жива смола и производство на сува или сушена смола.
При производството на живата смола се користат свежи цветови од коноп, кои се натопуваат во лед со што смолата на тој начин ги задржува терпените, канабиноидите, и другите состојки од цветот.
Во процесот на производство на сушената смола се користат суви цветови кои претходно се прочистени.
Понатамошниот процес на производство продолжува слично како и кај CBD-маслото каде со користењена бутан или друг алтернативен метод, CBD -то се екстрактира од билката.
Предности и недостатоци на CBD смолата наспроти CBD маслото
CBD смолата или паста содржи далеку поголема концентрација на CBD, па со тоа може многу поделотворно да дејствува наспроти маслото.
Со консумирање смола може да избегнете внесување на несакани адитиви, а исто така е и далеку финансиски поисплатлива.
Но секако и CBD смолата има свои недостатоци.
Со обзир на тоа дека доаѓа на пазарот спакувана во облик на инјекции, потешко е да се одреди дозата. Тоа значи дека постои опасност да не се дозира правилно и да се земе повеќе од потребната количина со што се зголемува ризикот од нуспојави.
Нуспојави при користење на CBD смола
Со оглед на високата концентрација на CBD-то во смолата, и покрај тоа што консумацијата е безбедна, треба да се имаат на ум следниве нуспојави кои може да се појават при земање поголеми количини на CBD смолата.
- умор
- сува уста
- промена во апетитот
- тешкотии при варење на храната