Како што расте љубопитноста и заинтираноста за CBD, многу фирми размислуваат како да го додадат во своите продукти за да ги изненадат и поттикнат своите потрошувачи да испорбаат нешто ново. Денеска е многу застапено во женката козметика, секојдневно пазарот ни нуди нов производ за нега кои содржи CBD. Крем за лице со висока застапеност на CBD што служи за потхранување на кожата и не дозволува да се појават брчки, крем за раце, пилинзи, маски, шампони и уште што ли не. Денеска CBD-то е насекаде, скоро во секој нов излезен продукт не важно дали е козметика или нешто друго – маркетингот ни го нуди и е премногу достапен.
Но, за да ги избереме правилните и квалитетни производи најпрво треба да се информираме за истите и да го избереме најдоброт за нас и нашата кожа.
Што е CBD?
Значи, што точно е CBD? Shamban објаснува дека тоа е природно хемиско соединение кое се наоѓа во растенијата на канабисот, марихуана и коноп. -„Тоа е една од двете основни активни состојки на канабисот, а другата е THC (тетрахидроканабинол), кој е активен психотроп“, вели таа.
Според Луис и Шредер, кои се големи обожаватели на таа состојка велат дека е „моќен антиоксиданс, високо антиинфламаторно и е докажано во повеќе студии дека го намалува производството на липиди од лојните жлезди. (хиперпродукцијата на овој себум е веројатно една од компонентите на она што придонесува за формирање на акни).
Како функционира CBD?
Енгелман вели дека CBD-то комуницира со нашите канабиноидни рецептори. -„Имаме рецептори во секој слој на нашата кожа кои се активираат во нашето тело кога имаме болка, чешање итн.“, објаснува таа. „CBD-то е дизајнирано да им помогне на оние со пруритични кожни проблеми како што се егзема или болни состојби како пост-херпетична невралгија кога сигналите на нашето тело се влошуваат. На пример, тоа не мора да биде насочено кон егзема, туку хормоните кои предизвикуваат разгорување на егзема- горе.”
Вообичаено, CBD маслото се користи во производите за нега на кожата. Можете да најдете CBD серуми, креми, маски и масла за тело и лице. Маслото од семе од коноп – кое долго време е честа состојка во производите за нега на кожата – не е исто што и вистинското CBD. Нема ништо лошо со користење на маслото од семе од коноп, но треба да знаеме дека тоа не е активна состојка, ниту пак има некои особено забележителни антиинфламаторни придобивки (иако може да помогне во хидратацијата и да го контролира производството на масло во кожата).
Придобивки од CBD за кожата
- CBD-то може да помогне да се намали црвенилото, болката и отокот поврзани со воспалителни акни.
- CBD помага во регулирањето на хормоните вклучени во производството на масло, намалувајќи го вишокот на себум.
- CBD може да помогне во намалувањето на воспалението на пукнатините на кожата и благодарение на неговата регулатива за производство на масло, да ги намали изблиците.
- CBD помага во борбата против иритацијата и воспалението предизвикано од егзема, заедно со хронични кожни заболувања како што се псоријаза и дерматитис.
- Хидратација: CBD има навлажнувачки својства кои можат да помогнат во борбата против дехидрацијата и сувоста на кожата.
Сеуште се прават повеќе студии за да се потврди ефикасноста на придобивките од CBD маслото за кожата. Досега CBD-то нема познати несакани ефекти.
Како да го користите
Како ја користите CBD негата на кожата зависи од производот што го користите. Повеќето CBD производи се серуми или креми, и се коирстат исто како и обичните серуми, само што треба да знаеме е дека серумот се користи пред кремите. Исто така никогаш не треба да си поставуваме дијагноза за нашата кожа пред да се посоветуваме со дерматолог.