Постојат повеќе начини да се изведе екстракцијат на CBD маслото, а секоја од постапките има свои предности и недостатоци. Различните методи на екстакцијата резлично ќе влијаат и на составот и квалитетот на конечниот производ. Исто така сложеноста на самата постапка за екстракција како потребата од опрема и простор за нејзино изведување ќе ја одреди малопродажната цена на CBD маслото. Во продолжение на текстот ги разгледуваме трите најчести методи за екстакција на CBD-то (етанол метода, екстракција со масло, и CO₂ методата) како и накратко ги опишуваме нивните предности и недостатоци.
Екстракција со помош на етанол
Во традиционалната медицина алкохолот со години се користи за екстракција на хемиските состојки од билките за изработка на разни видови тинктури.
Најчесто се користат бутан или етанол. Иако бутанот е подобро средство за екстракција, најсигурна метода за екстакција се смета онаа која се изведува со етанол, затоа што ако останат некои остатоци од етанолот во конечниот производ, безбедни се за здравјето на луѓето, со оглед на тоа што етанолот е сигурен за конзумација.
Оваа метода на екстакција се изведува на тој начин што етанолот со капкање се пропушта во садот каде се наоѓа конопот, или едноставно конопот се потопува со етанол. Воедно етанолот ќе го извлече (екстрахира) CBD-то но и другите состојки од билката. После екстракцијата алкохолот испарува, така да остануваат молекулите на CBD-то и другите состојки.
Со оглед на тоа што при етанол методата, алкохолот скоро целосно испарува, оваа метода овозможува постигање на високи концетрации на CBD во конечниот производ. Со индустриско производство со помош на етанол методата може да се добие концентрат и од 99% чисто CBD масло.
Екстакцијата со етанолот реалтивно е ефтина и едноставна за разлика од методот кој се изведува со CO₂. Но главниот недостаток на овој вид екстракција е сигурноста, односно
безбедноста, затоа што високо концентираниот алкохол е лесно запалив, па затоа оваа метода бара дополнителни сигурносни мерки. Исто така рековме дека остатоци од етанолот
остануваатккао траги во конечниот производ, па може да дојде до проблем доколку го конзумираат луѓе кои се нетолерантни на алкохол.
Додека индустрискиот начин на производство се состои од неколку сложени чекори на дестилација, во наједноставниот облик етанол методата за екстракција може да се изведе со неколку состојки кои ги има со сигурност во секоја кујна, со што е погоден и за изведба во домашни услови.
Екстракција со помош на масло
Екстракцијата на CBD маслото со помош на друго масло е најстара и наједноставна метода, иако денес веќе не се користи во индустриското производство.
Методата на екстракцијата со масло се потпира на фактот дека молекулите на канабиноидот се липофилни, односно дека се растворливи во масти. Како растоврувач за CBD овде се користи масло за јадење, како кокосово, маслиново или улје од коноп. Иако овде може да се користи било какво масло, или животинска или растителна маст пример путер или свинска маст, сепак најдобар избор кога станува збор за користење на оваа метода е маслиновото масло.
Методата на екстракција со масло започнува со постапка декарбоксилација. Мелените цветови од конопот се загреваат на определена температура одредено време, со што се активираат CBDA состојките како присутни во суровата билка, и се претвораат во активни CBD состојки кои може нашето тело да ги конзумира. Цветовите потоа се мешаат со маслото, а мешавината потоа се загрева неколку часа на ниска температура.
Во текот на загревањето маслото ке ги извлече CBD-то и другите состојки од билките. Маслото на крај се пушта низ филтер за да се отстранат остатоците од цветовите. Методата на екстракција со масло е едноставна и сигурна и е најдобар избор кога треба да се направи екстракцијата во домашни услови.
Но за разлика од етанол методата, кај екстракцијата со масло, растворувачот односно мсалото нема да испари со што и конценрацијата на CBD-то што ке се добие на крај како конечен производ ќе биде многу помала. Друг проблем е што и конечниот производ ќе го има истиот рок на траење исто како и маслото кое се користело за екстракција.
Екстракција со помош на CO₂
Најпосле, методата која се претвори во индустриски стандард во производството на CBD масло е екстракцијата со помош на CO₂.Овде во оваа екстракција се користи CO₂ како растворувач. При одредена температура и под одреден притосок (над 74 бари или 31 °C), CO₂ ќе се претвори во агрегатна состојба која е помеѓу течна и гасовита, или која е наречена
суперкритична состојба. Во оваа состојба, CO₂ истовремено се однесува и како течност и како плин. Со оглед на тоа дека како течност има способност за растворање, а како плин
продорност во секоја пора, суперкритичен CO₂ овозможува екстракција на 97-99% CBD како концентрат добиен од билката. После екстракцијата CO₂-то во потполност ќе испари и нема да остави никакви траги во готовиот конечен производ како остатоци од своите растворливи својства.
Екстаркцијата со суперкритичен CO₂ се одвива во три фази односно во 3 садови-контејнери.
Во првиот сад CO₂ се компресира и лади и после тоа се пушта во вториот сад во кој се наоѓа суровиот коноп. Во другиот сад CO₂ дополнително се компресира и загрева се додека не се доведе до суперкритична состојба со што започнува процесот на екстракција.
Суперкритичниот CO₂ ќе ги извлече CBD-то и другите состојки од билката. Мешавината од CO₂ и екстрактот следно се пумпаат во третиот сад во кој се врши испарувањето на CO₂ и каде останува само чистиот екстракт. Со оглед на тоа дека CO₂ во третиот сад потполно испарува, никакви траги од него не остануваат во готовиот производ, со што истиот CO₂ може одново и одново да се користи за екстракција, што оваа метода ја прави многу продуктивна.
CO₂ методата за екстракција е најсигурна, најпродуктивна и еколошки најприфатлива, а маслото добиено со оваа метода е најчисто и најпотентно за разлика кога се добива со помош на други методи, но затоа пак екстракцијата со CO₂ бара скапа и посложена лабораториска опрема и стручно познавање на хемиските процеси, со што практично е невозможно да се користи во домашни услови.
После екстракција
Секоја од овие методи ќе произведе CBD масло со полн спектар. Тоа значи дека освен CBD-то во маслото ќе се најдат и други состојки присутни во билката како THC, CBN итн. CBD маслото во полн спектар содржи и други благопријатни состојки како терпени и амино киселини. Но, доколку сакаме да добиеме чист CBD изолат, потребно е уште неколку чекори за
обработка. Екстрактот од билката се меша со етанолот, се смрзнува преку ноќ, па потоа се филтрира и дестилира, слично како кај методите на екстракција со етанолот. Овој чекор ќе ги отстрани хлорофилот, липидите и остатоците од растворувачот, како и другите несакани состојки.
CBD-то потоа се издвојува од екстрактот со постапка наречена кроматографија односно кристализација се додека не се одвојат сите остатоци од THC-то и не се добие бел прав без
мирис и вкус ,односно чист CBD (99%). И најпосле без разлика дали се работи за масло со широк спектар, чист или CBD изолат, CBD-то се меша со други состојки за да се добијат разновидни производи како тинктури, капсули, креми итн.
Која метода е најдобра?
Сите наведени три методи имаат свои предности и недостатоци. Доколку имате намера да го произведувате CBD маслото дома, на располагање ви стојат етанол методата и екстракцијата со помош на масло. Додека со етанол методата може да постигнете значително поголема концентрација на CBD масло, методата со екстракција со помош на масло е многу поедноставна и посигурна за домашни услови, со оглед на тоа дека алкохолот е лесно запалив материјал.
CO₂ методата најмногу се користи за индустриско производство и е најскапа и најсложена како метода, но затоа пак со неа се добива најчист и најсигурен производ, во кој нема да има никакви остатоци од растворувачот. Оваа метода е и најеколшки прифатлива и произведува најквалитетно CBD масло, со што постапката на екстракција со помош на CO₂ e
најпрепорачлива.