Поради своите лековити својства CBD-то станува многу популарно во медицината. Се смета дека е потенцијален лек за преку 50 медицински состојби, и тој број секојдневно се зголемува. Toa ни го потврдува и се почестото производство на CBD маслата и козметички производи во трговијата.
Во продолжение на овој прилог, се изнесени резултати од последните амерички истражувања кои покажуваат како полека популацијата ги заменува традиционалните лекови со оние алтернативните и природни препарати на база на CBD.
Што претставува CBD? Cannabidiol (CBD) претставува хемиска состојка на билката канабис и претставува еден од околу 150 до сега откриени канабиноиди.
Канабиноидите воопшто, вклучувајќи го овде и CBD-то, доаѓаат во интеракција со човечкото тело преку ендоканабиноидниот состем на човекот-преку мрежата на реактивни рецептори низ целото негово тело на кој се врзуваат канабиноидите.
Постоењето на систем за рецеција на молекулите на канабиноидите се овозможува на овие состојки да остварат психолошки и физиолошки влијанија на нашето тело.
Листови канабис во природата
Во истражувањето спроведено 2017 година од страна на Brightfield групата и HelloMD, врз 2.400 испитаници,се покажала доста широка палета на позитивни реакции при употреба на канабисот.
Според Др. Perryju Solomonu,главниот лекар на HelloMD, луѓето најчесто го користат CBD-то против несоници, депресија,анксиозност и болки во зглобовите. Во неговата изјава стои:
”Забележавме зголемен интерес за CBD производите кај нашите пациенти. Иако уште се истражува CBD-то како состојка која може да го подобри човековото здравје, не можеме да го игнорираме фактот дека има помогнато во поголемиот број случаи на користење”.
Резултати:
42% од луѓето изјавиле дека престанале да користат традиционални лекови како Tylenola, Ibuprofen и др, после конзумацијата на CBD.
80% од испитаниците изјавиле дека воочиле значајни позитивни промени после конзумирање на CBD.
Bethany Gomez, директор на истражувањето за Brightfield Group, изјавувa: “Oваа студија покажува дека постои потенцијален пазар за CBD производи кои можат да спасат или подобрат многу човечки животи.”.
Со понатамошното истражување и јавното образование, CBD-то може да стане ефективна алтернативна замена за многу лекови.