Купувањето на канабисот само поради содржината на ТHC-то, наликува на купување на алкохолен пијалок само заради содржината на количеството на алкохол во него.
Луѓето имаат различни потреби, па така за оние на кои не им одговара чувството на “high” од канабисот богат со THC, a имаат потреба само да се опуштат, CBD цветовите се идеално решение за нив.
Имајќи ја во предвид ниската количина на THC, CBD цветовите кај корисниците нема да предизвикааат психоактивни последици. CBD-то од цветовите исклучиво ќе предизвика само опуштеност и релаксираност.
Што е CBD цвет или цвет од коноп?
CBD цветовите кои легално се продаваат содржат помалку од 0.2% THC и висока концентрација на CBD(>5%). Со други зборови, CBD цветовите претставуваат цветови од канабис со чија помош може да се опуштите на природен начин, а да не се чувствувате опијането.
Денешните сорти на канабисот можат да содржат и до 25% THC, што е далеку многу повеќе од канабисот кој се пушеше во 60-тите и 70-тите па дури и во 90-тите години. Оваа значително голема кооличина на THC во просечна билка од канабис, кај многу корисници може да предизвика обратен ефект и наместо опуштање, да предизвика паника или анксиозност.
Додека THC-то драстично ќе влијае на расположението и перцепцијата, CBD-то од друга страна пак може да делува исклучиво опуштачки и релаксирачки, па со тоа да го намали негативниот ефект од прекумерната количина на THC-то.
Освен опуштачкиот ефект без психоактивни последици, CBD-то може и благопријатно да дејствува против болки и други неугодни состојби.
Медицинска употреба
За разлика од CBD масло на кое му е потребно време да влезе во крвотокот и да започе да делува, пушењето на цветови од канабис богати со CBD ќе има моментален ефект. Со други зборови, ефектот е брз и моментален и благопријатно може да ги ублажи симтомите на следниве болести:
- Мултиплекс скелроза
- Артритис
- Епилепсија
- Анксиозност и психички состојби
- Мигрени и др.
Треба да се напомене дека CBD цветовите се пушат, и затоа не е погодно за конзумација за деца, постари луѓе или за оние кои имаат проблеми со дишењето.
Може ли конзумација на CBD цветовите да се покажат на позитивен тест за дрогa?
Не е со сигурност потврдено дали CBD цветот може да даде позитивен резултат, но не е ни исклучен ислучај.
Тестовите за дрога реагираат исклучиво на THC.Со оглед на тоа дека CBD цветовите содржат многу мали количини на THC, во ретки случаеви можат да дојде до позитевен тест.
Исто така и самиот квалитет на CBD производот може да влиаје на резултатот.
Доколку се корисат CBD цветовите во комбинација со други производи од канабис, голема е веројатноста за позитивен тест.
*Прочитајте повеќе: