Мали дози на CBD доведуваат до смиреност, опуштеност и полесен фокус на сѐ што работите. Уште поистакната е ваквата активност доколку се искомбинира со мелатонин, магнезиум или балзам од лимон.
Еден од побитните ефекти на канабидиолот во ендокриниот систем е да го заштитува од вишокот на стрес, преку намалување на подложноста на стрес-индуцирана активација во оската на хипоталамус-хипофиза-надбубрежна жлезда.
CBD значително го намалува кортизолот (хормон) во крвната плазма. Кортизолот е хормон кој се ослободува при стрес, а влијае на зголемување на нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок. CBD го намалува инсулинот и може да се употребува и кај лица со дијабетес. Додека THC го зголемува нивото на глукагон и шеќерот во крвта, CBD го намалува нивото на инсулин и овој феномен ја објаснува појавата како оние луѓе кои употребуваат марихуана внесуваат повеќе калории, а не се дебелеат. Тие се слаби, а кај оние кои имаат тип II дијабетес полесно може да го контролираат шеќерот во крвта. Да заклучиме, активноста на CBD во ендокриниот систем се забележува преку намалување на хормонот кортизол и полесно регулирање на нивоата на шеќер во крвта.
Исто така најдена е примена на CBD како нетоксичен канабиноид во состојби на епилепсија, каде што е забележано намалување на бројот на нападите, вообичаени за ова заболување. Низ истражувањата постојат информации дека има способност да ги регулира состојбите на гадење и повраќање.
Се карактеризира со јака антиинфламаторна, антиоксидативна и имуномодулаторна активност. Еден од механизмите на контрола на инфламацијата е намалување на цитокинската продукција од имуните клетки (Т помошни клетки, TH1 и TH2). Исто така во присуство на CBD доаѓа и до намалување на интерлеукин 6 (ITL6).
Неговата антиинфламаторна активност се покажала кај пациенти со чувствителни црева или попознати како нервозни црева, запек, знаци на воспаление на цревата, итн. Интересен е и фактот дека употребата на CBD е нагласена кај професионалните спортисти за намалување на воспаление на нивните зглобови. Од MMA борачи до NBA кошаркари, употребата на канабис е широко распространета, за намалување на воспаление на зглобовите и болките што се јавуваат, при тоа овозможувајќи им да се релаксираат и полесно да заспијат во текот на ноќта.
Понатаму има невропротективно дејство, го подобрува спиењето, односно сонот, а дел од научните студии укажуваат и на фактот дека ја намалува инфламација во мозокот кај Алцхајмерова болест.
Исто така намалува анксиозност и благопријатно делува на пост-трауматски стрес. Преку блокирање на 5-HT1A рецепторот се намалуваат паничните напади кои се јавуваат како симптом при состојби на анксиозност. Мали дози на CBD доведуваат до смиреност, опуштеност и полесен фокус на сѐ што работите. Уште поистакната е ваквата активност доколку се искомбинира со мелатонин, магнезиум или балзам од лимон.
Исто така бил испитуван и покажува ублажување на симптомите кај шизофренија.
Кај хепатитис го намалува воспалението, го намалува ризикот од оштетување на бубрезите и црниот дроб заради намалено крвоснабдување, а влијае и врз пролиферацијата на кожните клетки, па поради тоа се употребува и за кожни заболувања (пр. егземи).
Со својот антиоксидативен ефект превенира од појава на последици кај сепса. Учествува во намалување на тежина кај пациенти со прекумерна дебелина. Антиинфламаторната активност наоѓа примена и во состојбите на астма и алергии. И ова се само дел од веќе проучените ефекти на CBD врз организмот на човекот.